Еве со какви маки се соочуват девојките кои секојдневно ја исправуваат косата

За некои девојки пеглањето на косата е подеднакво важно како и миењето на лицето…

0-eve-so-kakvi-maki-se-soochuvat-devojkite-koi-ja-ispravuvaat-kosata-kafepauza.mk

1. Морате психички да се подготвите за целиот процес

Нема релаксација после капење. Ако чекате премногу пред да го започнете „ритуалот“ вашата коса ќе се исуши, па ќе стане кадрава, а потоа и сè останато ќе тргне наопаку. Важно е да се знае приоритетот! Филмот ќе мора да почека!

2. Додека се подготвувате за сушење на косата се чувствувате како да се спремате за војна

Крем за заштита од топлина? Тука. Фен? Тука. Четка за сушење коса? Четка за стилизирање на косата? Масло против виткање на косата? Шноли? Ластиче за коса? Тука. Тука. Тука. Тука. Тука.

3. Чешлањето на косата ви претставува фитнес за рацете

Од корен до врв, од корен до врв…Чешлањето водена коса е навистина напорно, но од друга страна пак, имате изговор за да ги прескокнете вежбите за раце подоцна.

4. Секогаш мислите дека паузата ќе ви биде кратка

*Проверува што има на Фејсбук* *Гледа цела епизода од омилената серија* *Вечера* *Наеднаш се свестува дека не е ни до пола со целиот процес* *Плаче*

1-eve-so-kakvi-maki-se-soochuvat-devojkite-koi-ja-ispravuvaat-kosata-kafepauza.mk

5. Имате најдобра стратегија како најдобро да ја испеглате косата

Предниот дел од лицето е она што луѓето прво го забележуваат кај вас, затоа шишките МОРА ДА БИДАТ СОВРШЕНИ. Без разлика дали ја навалувате главата нанапред и ја сушите косата додека сте со лицето надолу, или стоите исправено и ја сушите од горе, вие си знаете што ви одговара и религиозно верувате во таа стратегија.

6. Кога ќе завршите со сушење на косата плачете затоа што не сте готови

Дали случајно помисливте дека можете да ја исправите косата само со фен? Ха-ха, добра шега.

7. Секогаш паничите кога ќе ја вклучите пеглата за коса

Тој мирис на изгорено не доаѓа од косата, така? Можеби е до струјата…?!

8. Кога ќе ги видите расцветаните врвови од косата, се чувствувате виновно

Си велите: „Треба да се шишам“… и ќе се ишишате… некогаш… можеби!?

9. Секогаш успевате да ги исправите сите перчиња коса од задниот дел на главата

Тоа подразбира тотално ново ниво на креативност за користење на огледалото и пеглата за коса.

10. Тоа убаво чувство кога ќе завршите со целиот процес…

И пет минути поминувате во играње со косата и ѝ се восхитувате на нејзината убавина. Според вас, оној кој ја измислил пеглата за коса заслужува награда.

2-eve-so-kakvi-maki-se-soochuvat-devojkite-koi-ja-ispravuvaat-kosata-kafepauza.mk

11. На крај, секогаш се убедувате дека нема да ја миете косата во следните пет дена

Мислите дека нема да си го повторите овој пекол барем во следните пет дена, но сите знаат дека тоа е лага. Утредента: *Ја трие косата* *Ја мие* *Ја суши со фен* *Ја исправува* и така сѐ до недоглед…

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар