Еве кои броеви би требало да ги избегнувате затоа што може да ви донесат голема несреќа

Еве кои броеви би требало да ги избегнувате затоа што може да ви донесат голема несреќа

На сите ни е познато дека бројот 13 ширум светот има репутација на несреќен, но најверојатно оваа титула ја заслужуваат и други броеви кои се сметаат за уште понесреќни од него. Тие броеви во некои култури целосно и по малку апсурдно се избегнуваат, а причината за тоа се разни легенди и приказни. Во продолжение погледнете за кои броеви станува збор.

Еве кои броеви би требало да ги избегнувате затоа што може да ви донесат голема несреќа

Бројот 191

Иако многумина веруваат дека секое поврзување на броевите со несреќа е случајно, некои настани од минатото предизвикале голем сомнеж и страв кај многумина. Од шеесеттите години на минатиот век, пет приватни авиона под бројот 191 доживеале катастрофална несреќа, а најлоша била онаа на Американ Ерлајнз во 1979 година, кога авионот се срушил на аеродромот О’Хара во Чикаго, при што загинале 273 луѓе. Летовите со овој број повеќе не ги користи ниту Делта, ниту Американ Ерлајнз.

Бројот 26

Во Индија овој број се смета за многу несреќен, а тоа верување дополнително било зајакнато со катастрофалниот земјотрес кој се случил на 26 јануари 2001 година во Гуџарат, каде што настрадале преку 20.000 луѓе. Цунамито во Индискиот Океан од 2004 година, кое во светот убило преку 230.000 луѓе, се случило на 26 декември, на 26 мај експлодирале неколку бомби во градот Гувахати, а на 26 ноември 2008 година се случил и терористичкиот напад во Мумбаи. Според нумерологијата, збирот на броевите 2 и 6 води кон несреќниот број 8, за кој се верува дека е број на уништувањето и несреќата, па затоа во Индија не се препорачува да се склопи брак на осмиот ден во месецот.

Бројот 7

Во многу култури бројот 7 се смета за среќен број, но тоа не важи и во Кина, каде што тој симболизира напуштеност, лутина и смрт. Седмиот месец во кинескиот календар уште се нарекува и „месец на духови“. Тој се поврзува и со бројни несреќи на авиони. Во 2014-та година, почнувајќи од 7-ми мај во период од седум дена, паднале неколку авиони – на летот MH17, тип Боинг 777 бил срушен точно во 17 часот и 17 минути во источна Украина, а исто така паднал и индиски воен хеликоптер во 17 часот при што загинале сите 7 патници. Иста судбина го снашла и еден виетнамски воен хеликоптер, Mi-171, кој паднал во 7 часот и 37 минути, а еден од најпознатите случаи е и исчезнувањето на малезискиот авион MH370.

Еве кои броеви би требало да ги избегнувате затоа што може да ви донесат голема несреќа

Бројот 250

Не само што овој број во Кина се смета за несреќен, туку и за навредлив. На мандарински јазик се изговара како „ер-баи-ву“ што во превод значи идиот. Потеклото на тоа дека овој број е навредлив е од античка Кина, кога сѐ уште се користеле бакарни монети. Стандардната мерка била 1.000 монети, бројот 500 или половина од тоа се однесувале на некој или нешто инфериорно, додека 250 на нешто сосема невредно. Во Кина овој број се избегнува до таа мера што дури на авион во една компанија му било променето името во G280.

Бројот 17

Во Италија овој број се смета за несреќен, како и за симбол на смртта, затоа што со римски бројки се пишува XVII, што може да се пререди во VIXI, што значи „живеев“, а тој натпис често може да се најде во римските гробници. Митологијата на несреќата на бројот 17 потекнува уште од Библијата, каде што како почеток на големата поплава се наведува 17-ти мај. Некои хотелски соби во Италија не го содржат бројот 17, а некои авиони немаат 17-ти ред.

Бројот 0888 888 888

Бугарската мобилна компанија го укинала користењето на бројот откако во краток рок починале тројца нивни корисници со бројот 0888 888 888. Еден од нив бил и поранешен директор на компанијата, за кој се верувало дека бил отруен од страна на некој бизнис конкурент. Друга жртва бил лордот Константин Димитров, кој во Холандија го убиле членови на руската мафија. Трет човек кој го користел тој број бил шверцер на дрога и главен во светот за продажба на недвижнини, а откако бил убиен пред еден ресторан, бројот официјално бил укинат и не бил доделуван на други корисници, дури и ако тие тоа го барале.

Бројот 39

Во Авганистан се верува во проклетството на овој број, а најмногу се избегнува во Кабул. Според митот, наводно еден макро имал автомобил со број 39 на регистарските таблички, живеел на адреса со куќен број 39, а тој му донел брутална смрт и мачење. Постојат шпекулации дека бројот 39 е број на омразата, според стариот начин на пресметка кој се нарекува абјад. Авганистанците овој број избегнуваат да го користат на регистарските таблички, во телефонските броеви и во адресите. Ова оди толку далеку што автомобилите со овој број на таблица се продаваат за пониска цена, а луѓето кои имаат 39 години не го кажуваат тоа, туку ако ги прашаат одговараат со „имам уште една година до 40“.

Еве кои броеви би требало да ги избегнувате затоа што може да ви донесат голема несреќа

Многумина веруваат дека сето ова е само суеверие, а други пак дека е производ на случајноста. Кое е вашето мислење?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар