Ева и Еверли: Овие 2-годишни најдобри пријателки имаат повеќе Инстаграм следачи од вас!

Нашите најпрви пријателства нѐ учат на доверба, љубов и како да се справиме со туѓите емоции. Исто така, најдобрите пријатели се првите луѓе со кои ги започнуваме нашите авантури и животни патешествија. Еверли Сутас и Ева Фоули се најдобри пријателки кои се заљубени во модата, а имаат само по две години.

0-ava-i-everli-ovie-2-godishni-najdobri-prijatelki-imaat-povekje-instagram-sledachi-od-vas-kafepauza.mk

Девојчињата, кои се разлика само една недела, нивното време го поминуваат така што позираат како модели за нивниот Инстаграм профил ForEverAndForAva. Идејата започнала кога нивните мајки Савана Сутас и Мишел Фаули (исто така најдобри пријателки) ја отвориле продавницата за детска облека, а Сутас, која е професионален фотограф ги сликала девојчињата и нивните фотографии ги објавила на Инстаграм.

1-ava-i-everli-ovie-2-godishni-najdobri-prijatelki-imaat-povekje-instagram-sledachi-od-vas-kafepauza.mk

Набрзо, нивната љубов кон модата и уживањето во друштвото на другата го привлекло вниманието на луѓето. Денес, овие девојчиња зад себе имаат искуство како модели за преку 400 брендови и имаат 147 илјади следачи на Инстаграм. Не само што водат супер бизнис уште од најмали нозе, туку тие изгледаат како навистина да сакаат да се облекуваат и да бидат една со друга. Во денови кога не се заедно, тие се договараат на ФејсТајм за да одберат иста облека.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар