Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

Љубениот татко и сопруг, Фред Еванс отсекогаш сакал да ги испрати неговите две ќерки пред олтарот на денот на нивната венчавка, но открил дека има метастатичен меланон, додека закрепнувал од двојна трансплантација на белите дробови и дознал дека има само неколку месеци за да ја оствари неговата последна животна мисија. Но, посветениот татко пронашол начин да ги изненади неговите две немажени ќерки Грејси и Кејт, со уникатна церемонија.

Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

Откако ја чула трогателната приказна на Фред, невладината организација „Fotolanthropy“ чија цел е споделување инспиративни животни приказни, му се обратила на фотографскиот тим Мет и Џули Норин, за да ги овековечат спомените од оваа специјална церемонија. Фотографите веќе биле спремни да ја работат нивната работа, кога Фред го изненадил семејството со помошта од неговата сопруга Карла и најстарата мажена ќерка Марта. Грејси и Кејт пристигнале на настанот, мислејќи дека Фред спрема некое специјално изненадување за нивната мајка, но набрзо сфатиле дека вусшност тие се почестените гости.

Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

Една по една, милиот татко ги допратил неговите ќерки до олтарот и им подарил топла прегратка, давајќи им на знаење дека сака да ја исполни оваа традиција, во случај да не е повеќе тука кога навистина ќе треба. Потоа, Фред ја изненадил неговата сопруга давајќи ѝ букет во облик на бидермаер и носејќи ја до олтарот во црквата „Watermark Community Church“, за да ги обноват нивните завети. До самиот крај, Фред ја споделувал неговата љубов и радост со најблиските, сè до неговиот последен ден од животот, на 25 јули, 2013 година.

Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар