Електричен велосипед од Ауди

Електричниот велосипед се разликува од обичниот по електромоторот којшто по желба на велосипедистот може да се стави во погон за да го движи велосипедот. Тие не се многу популарни поради фактот што личат на некакви слаби мотори или на возило за оние кои ги мрзи да ги вртат педалите, но со овој модел на Ауди таквата репутација може да се смени.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕ-моделот на Ауди се одликува со преубав дизајн, лесен рам изработен од карбонски влакна и можност начинот на возење да се менува преку смартфон прикачен на воланот. Велосипедистот може да избере помеѓу пет различни модови на возење: од искористување само на енергијата што ја создава преку вртење на педалите, преку помош во вртењето од електромоторот, па сè до употреба исклучиво на електричната енергија.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиОвој велосипед е наменет пред сè за екстремни спортови, односно за изведување трикови со него, па затоа во неговата изработка биле вклучени и спортисти. Едно возење со ова Ауди ќе изгледа како на видеото подолу.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар