Експертите ја реставрирале најголемата и најстарата карта на светот

Рачно нацртаната карта е направена пред 430 години од Урбано Монте. Неколку векови подоцна, колекционерот Дејвид Рамзи и неговиот внук трпеливо ја скенирале и дигитално ги споиле 60-те страни кои биле дел од атлас. Тие за прв пат ја составиле мапата онака како што требало да изгледа.

(1)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Иако е познато многу малку за картографот од 16-тиот век кој ја направил, картата ни дава добар увид за тоа како луѓето го разбирале светот во тој период.

(2)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Тука гледаме како била замислена картата. Монте оставил детални инструкции за тоа како да се состави.

Картата која е создадена во 1587 година во Милано, Италија, прикажува многу детали и е многу пред своето време. Светот е прикажан од горе, гледајќи од Северниот Пол. Оваа перспектива ретко се користела во тој период. Монте ја претставил Јапонија со многу повеќе локации отколку другите картографи од тој период. Најверојатно причината за ова е тоа што Монте се сретнал со делегација од Јапонија во 1585 година.

(3)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Покрај митолошките суштества, картата прикажува камили и лавови во централна Африка.

Сепак, мапата прикажува и некои чудни работи, како еднорози и бродови нападнати од сирени. Можеби не се ни споредува со мапите на Гугл, но навистина е неверојатно да се види како луѓето го замислувале светот пред толку многу години.

(4)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Џиновска птица носи слон. Но, размерот на илустрациите не е соодветен, па може да станува збор за нормална птица која носи мало слонче.

Необичната форма на картата, круг гледан од горе, е поради тоа што картографот сакал да ја прикаже правилната форма на Земјата.

„Монте сакал да ја прикаже целата Земја што е можно поблизу до 3-димензионална сфера користејќи површина со 2 димензии. Неговиот проект го прави токму тоа, и покрај изобличувањето на Јужниот Пол“, изјавил Рамзи.

(5)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Кралот на Шпанија е претставен на еден дел, веднаш до брегот на Бразил. Неговиот екипаж ја забележал сирената која им стои на патот.

Кога ќе се направи геореференција и кога ќе се постави на позната форма на карта, на неа може да се забележат некои изобличувања на светот, но и некои навистина правилни форми. На пример, Антарктикот е премногу истакнат на картата на Монте. Целата мапа можете да ја погледнете на веб-сајтот на Дејвид Ремзи.

(6)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Во Јапонија се забележани места кои ги нема на другите карти од тој период.

(7)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Еднорог, неколку ѓаволи и човек-гуштер на шареното претставување на Сибирот.

(8)ekspertite-ja-restavrirale-najstarata-i-najgolemata-karta-na-svetot-kafepauza.mk

Африка изгледа растегнато, исто како и Северна Америка.

Доколку сакате историја, тогаш ќе ви се допаднат овие ретко видени историски фотографии.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар