Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

На почетокот од оваа година Англичанецот Лук Сеил од Брингтон решил да провери за што сè може да ја замени својата стара паричка од едно пени изработена во 1987 година. Тој се надева дека за една година ќе добие нешто оригинално за својот почетен капитал од едно пени. Проектот го нарекол „1 пени“.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисСвојата паричка тој најпрво ја заменил за три златни рипки, но не планирал да ги задржи, па преку интернет набргу ги сменил за стара гитара.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисЗа гитарата Лук добил неколку понуди, но неговиот избор бил велосипед. Велосипедот бил во добра состојба и му требало само мало дотерување за да изгледа како нов. Во тоа му помогнал неговиот пријател Хари, па размената можела да продолжи. Понудите кои ги добивал, не му изгледале особено привлечни и кога веќе почнал да го губи трпението, му биле понудени 50 фунти за велосипедот. Секако таа понуда ја прифатил.

Иако бил задоволен од последната размена, не му било цел да ги задржи парите. Но, што може да се купи за 50 фунти? На интернет му нуделе разни нешта, како кревет, телевизор, флејта, принтер, па и стар Форд фиеста, но најинтересна понуда стигнала од Бугарија.

Идејата на Лук многу му се допаднала на господин Пол Холман од Бугарија, па затоа тој решил да му продаде 10 метри квадратни земја, во близина на брегот на Црно море, за неговите 50 фунти. Тој му кажал дека со неа може да прави што сака. Може да гради на неа, да кампува, да одгледува нешто или да ја продаде.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисИако Лук не знаел ништо за Бугарија, тоа сепак, било понуда што не можел да ја одбие, па сега е сопственик на прекрасно мало парче земја.

Којзнае, можеби ентузијазмот, авантуристичкиот дух, позитивната енергија, креативноста и оригиналноста која ја поседува овој човек, ќе му помогне да создаде од ништо – многу.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јане Reply

    Почетокот на статијата ме бендиса. Очекував поинтересен крај.

    • Кафе пауза Reply

      Јане се уште не е крај на приказната. Проектот ќе трае до крајот на годинава, па којзнае што може да се случи до тогаш. :) Промените може да ги следиш на неговиот блог http://project1p.wordpress.com/

Остави коментар