Една карактеристика од детството може да го предвиди успехот во вашата кариера

Дали ќе поминете одлично на интервјуто за работа или не, зависи од многу нешта. Но, оваа нова студија сугерира дека една карактерна црта во детството може да игра многу голема улога во професионалниот успех во текот на целиот ваш живот.

Една карактеристика од детството може да го предвиди успехот во вашата кариера

Студијата, која била објавена во „Psychological Science“, всушност била комбинација од 2 британски студии кои ја следеле кариерата во текот на животот на две групи испитаници. Првата студија, вклучувала група од 6.657 испитаници кои биле родени во текот на една недела во 1970 година. Таа вклучувала податоци од 4 декади. Втората студија опфаќала дополнителни 10.107 испитаници на возраст од 16 до 50 години. И во двете студии биле мерени детските карактерни црти, заедно со други фактори како општата интелигенција.

И во двете студии, резултатите покажале дека оние деца кои покажувале самоконтрола до 11-тата година имале поголем успех во работата понатаму во животот. Во првата студија, испитаниците кои имале ниска самоконтрола биле 2,8 пати повеќе месеци невработени по 22-рата година, за разлика од оние кои покажувале висока самоконтрола. Втората студија покажала многу поголема разлика меѓу нив – оние кои имале пониска самоконтрола биле и до 3 пати повеќе месеци невработени за разлика од оние со повисока самоконтрола. Станува збор за бројка од 17,7 месеци подолга невработеност, за разлика на другата група кои во просек биле само 5,43 месеци невработени.

Овие резултати воопшто не изненадуваат. Самоконтролата е способност која ни помага да не се предадеме на нашите емоционални импулси и сосема е логично да има клучна улога во нашиот успешен работен живот. На крајот од краиштата, никој не би можел да издржи долго време во канцелариска работа доколку не може да го потисне својот импулс да стане од масата и да си отиде веднаш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар