Еден таксист од Њујорк еднаш напиша...

Еден таксист од Њујорк еднаш напиша…

Стигнав на адресата и свирнав со свирката. Откако почекав неколку минути, свирнав повторно. Бидејќи ова требаше да биде моето последно возење за оваа смена, си помислив да си заминам, но наместо тоа, ја паркирав колата, дојдов до вратата и тропнав. „Само момент“, се одѕва болежлив глас на стара особа. Слушав како нешто се влече по подот.

По долга пауза, вратата се отвори. Малечка женичка во своите 90-ти стоеше пред мене. Таа носеше шарен фустан и мала шапка со превез прикачен на неа, како да беше од некој филм од 40-тите.

Еден таксист од Њујорк еднаш напиша...

До неа имаше мал најлонски куфер. Станот изгледаше како никој да не живеел таму со години. Мебелот беше покриен со чаршафи.

Немаше часовници на ѕидот, немаше садови и прибор на полиците. Во ќошот имаше картонска кутија, полна со фотографии и некои стаклени предмети.

„Ќе ја однесете ли мојата торба до колата?“– праша таа.

Јас го земав куферот и го сместив во таксито, а потоа се вратив да ѝ помогнам на жената. Таа ме фати за рака и полека се придвиживме до тротоарот. Таа постојано ми се заблагодаруваше за мојата љубезност.

Јас ѝ велев: „Нема за што. Јас само ги третирам моите патници како што сакам да ја третираат мајка ми.“

„Ох, вие сте толку добро момче“, рече таа.

Кога влеговме во таксито ми даде адреса и ме праша: „Може ли да возите низ центарот на градот?“

„Тоа не е најкраткиот пат“, одговорив брзо.

„Ох, не ми пречи. Не брзам. Одам во дом за стари лица.“

Погледнав во ретровизорот. Нејзините очи светкаа. „Не ми остана никој од семејството“, таа продолжи со мек глас. „Докторот ми кажа дека не ми преостанува уште многу од животот.“ Јас бесшумно досегнав до таксиметарот и го исклучив.

„По кој пат сакате да возам?“ – прашав јас.

Во текот на следните два часа се возевме низ градот. Ми ја покажа зградата во која порано работела како управувач со лифтот.

Се возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле како млади. Ме натера да застанам пред еден магацин за мебел кој порано бил студио за танцување каде таа одела да танцува кога била девојче.

Понекогаш ми велеше да подзабавам пред некоја зграда или кај некое ќоше и потоа седевме така гледајќи во темница и не кажувајќи ништо.

Како што првиот сончев зрак започна да го прекрива хоризонтот, таа одненадеж рече: „Уморна сум, да си одиме сега.“

Возевме во тишина додека да стигнеме до адресата која ми ја даде. Тоа беше ниска зграда. Како мал санаториум со пат кој минуваше под настрешницата на влезот.

Само што застанавме двајца болничари дојдоа до таксито. Тие беа грижливи и внимателни, гледајќи го секој нејзин чекор. Сигурно ја очекувале.

Го отворив багажникот, го извадив малиот куфер и го однесов до вратата. Жената веќе беше сместена во инвалидска количка.

„Колку ви должам?“ –  праша таа, посегнувајќи по нејзината чанта.

„Николку“ – одговорив.

„Мора да заработувате од нешто за живот“ – таа возврати

„Има други патници“ – ѝ одговорив.

Скоро без размислување се наведнав и ја прегрнав. Таа ме стисна цврсто.

„Ѝ подаривте мал момент на задоволство на една страна жена“, рече таа. „Ви благодарам.“

Ја стиснав нејзината рака и тогаш заминав во замаглената утринска светлина. Зад мене се затвори врата и тоа беше звукот на живот кој згаснува.

Додека бев сè уште на смена, не зедов нови патници. Се возев бесцелно, изгубен во мислите. Во остатокот од денот едвај можев да зборувам. Што ако на жената ѝ се погодеше некој бесен шофер или некој што не може да дочека да му заврши смената? Што ако јас не го преземев повикот за превоз или да свирнев еднаш и потоа да си заминев?

На прв поглед, не мислам дека направив нешто значајно во животот. Ограничени сме од мислата дека нашите животи се вртат околу големите моменти.

Но, големите моменти често нè фаќаат несвесно – прекрасно замотани во нешто што за другите може да изгледа како мал момент.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. selen Reply

    tazno no i mnogu interesno 😀

  2. n.micov Reply

    So bilo kakov komentar ne sakam da ja namalam ubavinata na teksot i ispolnetosta sto ja custvuvam posle procitanoto.

  3. n.micov Reply

    So zborovi ne se opisuva toplinata vo dusata posle procitaniot tekst i se plasam so mojot komentar da ne si go namalam vozvisenoto custvo.

  4. Nina Reply

    текстов е доказ дека сеуште постојат луѓе. прекрасно.

  5. Христина Reply

    ех и кај нас таксистите да се такви… повеќето

  6. budala Reply

    na kraj mozda i ja opnal vo temninata 😛 (mala sala) hahahhahahahaa

Напиши одговор на selen Откажи одговор