Џемпер за вашиот лаптоп

Додека жалите што омилениот џемпер веќе не е за носење и треба да го фрлите, еве едно практично и креативно решение зошто да не го направите тоа. На вашиот лаптоп му треба добра заштита кога го носите наваму-натаму, додека истовремено треба да ви биде практично неговото вадење и ставање? Добра идеја е да го употребите токму вашиот стар џемпер за таа цел. Погледнете преку слики како чекор по чекор да направите штосен џемпер за вашиот лаптоп.

Џемпер за вашиот лаптоп

Потребни ви се:
  • џемпер
  • ножици
  • машина за шиење
  • шпенадли
  • конец
  • вашиот лаптоп (за да ги измерите димензиите)

Џемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптоп

Ставете го лаптопот врз џемперот кој ќе го сечете. Со креда, обележете од каде до каде ќе го исечете џемперот. Имајте предвид дека материјалот на џемперот се растега, па затоа не сечете премногу.

Џемпер за вашиот лаптоп

Исечете го џемперот од двете страни, еднакво според мерките кои ги направивте.

Џемпер за вашиот лаптоп

Превртете го џемперот. Ставете го лаптопот во џемперот и со помош на шпенадли, обележете каде по страните треба да се шие.

Џемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптоп

Сега, почнете да ги шиете рабовите кои претходно ги обележавте со шпенадлите. Колку конец ќе употребите за еден раб, зависи од дебелината на џемперот. Но, употребете дебел и квалитетен конец, во боја на џемперот.

Џемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптоп

Превртете го џемперот на предната страна.

Џемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптоп

Ете, си направивте евтина навлака (sleeve) за вашиот лаптоп, а плус го искористивте омилениот џемпер кој се плашевте дека ќе мора да заврши в ѓубре.

Џемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптоп

Оваа навлака е со поголем отвор кој е оставен по целата ширина на лаптопот за да биде позгодно неговото вадење и ставање. Вие можете џмеперот да го искроите поинаку, како и да му додадете копченце, нитна или врвка за да овозможите да се затвора.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар