Ѕидот „Те сакам“ во Париз

Ѕидот „Те сакам“ се наоѓа во центарот на градината „Abbesses“ на Монмартр во Париз, а зафаќа површина од 40 квадратни метри и е направен од 612 емајлирани плочи. На него фразата „Те сакам“ е напишана повеќе од 1.000 пати на 300 јазици.

Ѕидот „Те сакам“ во Париз

Ѕидот е направен од страна на уметниците Фредерик Барон и Клер Кито, како рандеву локација за вљубените и како траен споменик за вечно восхитување. Фразите ги запишувал Фредерик во нотес, чукајќи од врата на врата по амбасадите и соседите сè додека не собрал 300 на различен јазик.

Ѕидот „Те сакам“ во ПаризЅидот „Те сакам“ во ПаризЅидот „Те сакам“ во ПаризЅидот „Те сакам“ во Париз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Јас Reply

    Се изнамачив ама го најдов и на македонски :)

  2. анонимна Reply

    jas mislam deka 2 pati go najdov na makedonski…ednas kako te sakam drug pat kako te ljubam 😀

Остави коментар