Дворецот Пелесш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природа

Дворецот Пелеш – феноменална архитектура сместена во прекрасна природа

Дворецот Пелеш е сместен во Карпатите, блиску до градот Синаја, Романија и е изграден во периодот од 1873 и 1914 година. Се смета за еден од најубавите дворци во Европа и дефинитивно претставува уникатна глетка.Дворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш бил изграден по барање на кралот Карол I како летна резиденција која би имала политичка, културна и симболична функција. Историчарите велат дека во 1886 година кралот престојувал една вечер во манастир во Синаја и толку бил воодушевен од прекрасната природа и шарм на местото, па во 1872 година кралството купило 1.300 километри квадратни од магичниот предел и целиот имот бил наречен Кралскиот имот од Синаjа.

Архитектот кој ја осмислил импресивната градба бил Германецот Вилхелм Додерер и токму поради неговото влијание Пелеш се одликува со препознатливиот германски неоренесансен стил. За многу брзо време биле изградени неколку помошни згради, стражарските простории, ловечката ложа како и електраната, па Пелеш станал првиот дворец во светот кој целосно се снабдувал со локално произведена електрична енергија. За време на изградбата кралицата Елизабета запишала во својот дневник:

 

„Италијанците беа ѕидари, Романците градеа тераси, Циганите беа носачи. Албанците и Грците работеа со камен, Германците и Унгарците беа дрводелци. Инженерите беа од Полска, а каменоресците беа Чеси. Французите цртаа, Англичаните мереа, и можеа да се видат стотици национални носии и четиринаесет јазици на кои се зборуваше, пееше и расправаше со сите дијалекти и тонови, радосен микс на мажи, коњи, волови и биволи“.

 Дворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш долг период бил еден од најмодерните и најсовремените дворци, најпрво поради фактот што имал сопствена електрана, а потоа и поради невообичаениот луксуз којшто го нудел за тоа време, како на пример внатрешниот лифт или системот за централно греење.

Во колекцијата на дворецот спаѓаат предмети со непроценлива вредност, од мебел, статуи, слики, таписерии, па сè до исклучиво ретки книги. Всушност, библиотеката на дворецот е една од најпосетуваните простории од страна на туристите, прво поради феноменалната колекција книги, а второ поради тајната врата која се наоѓа зад голема полица со книги и преку која кралот можел да стигне во која било соба во дворецот. Пелеш брои 170 прекрасни соби, од преубава спална соба до огромен салон за гости, музичка соба, соба за оружје, соба за музички концерти и бројни други феноменално уредени простории, секоја со своја приказна.

Иако исклучително модерен за своето време, сепак ентериерот на дворецот не може а да не ве потсети на морничавите легенди за вампири и останати крвопијци кои изобилуваат во романскиот фолклор. Иако се верува дека грофот Дракула се криел од османлиите во замокот Бран, сепак посетителите велат дека многу лесно можеле да замислат како овој злогласен гроф шетал токму низ дворецот Пелеш. Што мислите вие? Дворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаДворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаПо 1914 година дворецот функционирал како музеј и бил отворен за посети и престој, но била прекината традицијата кралот да престојува 6 месеци од годината во него. До 1947 година дворецот станува кралска престолнина каде што биле одржувани разни свечености, официјални посети и важни воени церемонии. Едни од најважните настани одбележани во овој дворец биле 50-годишнината од неговото постоење во 1933 година, како и абдикацијата на кралот Михаил I во 1947 година.

Во 1948 година замокот бил затворен во периодот од јануари до март и сите драгоцености, мебелот, сликите, текстилот и книгите биле префрлени во Националниот музеј на уметноста во Букурешт. Истата година во мај, дворецот и официјално станува Национален музеј отворен за јавноста.

Останатиот имот и дворци, меѓу кои и дворецот Пелисор кој бил резиденција на вториот кралски пар Фердинанд I и Мери, Фоисор дворецот односно ловечката ложа на првиот крал на Романија како и резиденцијата на Чарлс II, станале домови во кои престојувале писателите, сликарите и останатите уметници кои биле одобрени од страна на комунистичкиот режим.Дворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природаНиколај Чаушеску го затворил целиот имот во периодот од 1975 до 1990, за време на последните години од комунистичкиот режим и единствено пристап имале луѓето задолжени за одржување и воени лица. По револуцијата во декември 1989 година, дворецот повторно бил отворен за јавноста. Со текот на времето се претворал во туристичка атракција иако неговиот статус не е целосно разрешен.

Во 2006 година романската влада го најавила враќањето на замокот во сопственост на крал Михаел I и оттогаш започнале преговорите кои до ден-денес не се комплетирани.Дворецот Пелеш - феноменална архитектура сместена во прекрасна природа

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Дворецот се вика Пелеш а не Пелес.

Напиши одговор на Име Откажи одговор