Древни чувари од зли сили: Носители на здравје и благосостојба

Древни чувари од зли сили: Носители на здравје и благосостојба

Имате потковица или зајачка шепа во вашиот дом? Ако одговорите потврдно на ова прашање, тогаш сте на вистинското место. Подолу можете да откриете нешто повеќе за верувањата на луѓето ширум светот за сите оние нешта кои носат среќа и кои ги штитат од несреќа. Којзнае, можеби токму вие ќе набавите штурец, крокодилски заб или магичен желад и животот конечно ќе ви тргне во вистинската насока.

Древни чувари од зли сили: Носители на здравје и благосостојба

Инсекти кои носат среќа

Штурец – Овој инсект илјадници години е знак за добра среќа. Во Кина и уште некои азиски земји тој сè уште служи како еден вид аларм – доколку одеднаш престанете да го слушате неговиот карактеристичен звук, тоа може да биде знак дека некој влегол во вашиот двор со намера да провали.

Бубамара – Таа се смета за носител на среќа и благосостојба. Се верува дека носи ослободување од секојдневните проблеми и со своето присуство дарува трпение. Од друга страна пак, ако слета на вас додека сте болни, тоа значи дека набрзо ќе оздравите.

Симболи за среќа во природата

Пченка – Според скандинавската митологија, штитат од молњи бидејќи се верува дека овој плод е посветен на Тор, богот на громот и молњите.

Јајце – Станува збор за моќен симбол на плодноста и новото раѓање. Тоа исто така може да служи и за гледање во иднината, за повикување сончево време и како заштита од различни видови зло.

Животни кои носат среќа

Желка – Таа се смета за симбол на среќата, додека истовремено е една од четирите свети животни (заедно со змејовите, еднорозите и фениксите). Желки ја претставуваат Земјата и долговечноста и се верува дека се врската помеѓу смртниот свет и небесниот.

Слон – Ова големо животно претставува мудрост и лојалност. Богот Ганеш во индиската митологија е носител на среќа, а се верува дека декоративните слонови поставени крај врата или на полиците во домот носат среќа и долг живот.

Делови од животните кои носат среќа

Зајачка шепа – Ова е еден од најраспространетите симболи за среќа ширум светот. Се верува дека освен што носи среќа, задната зајачка нога може да помогне и при зачетокот.

Заб од алигатор – Според африкансите верувања, забите од алигаторите можат да им донесат огромна среќа на коцкарите и оние кои се склони на ризици.

Предмети кои носат среќа

Ловец на соништа – Станува збор за верување од индијанската култура кое штити од кошмари.

Потковица – Таа е општ симбол за среќа. Поради својата поврзаност со коњите, потковицата претставува сила и лојалност. Кога нејзините краеви се насочени нагоре, таа е врзана со месечината и собира среќа, додека пак, кога се надолу, таа претставува мајчина утроба и го дарува сопственикот со среќа.

Монета – Монетите исто така долго време се популарни носители на среќата. Ако најдете паричка на патот, се верува дека цел ден ќе имате среќа, но само ако ја земете. Во спротивно, цел ден ќе ве прати несреќа.

Скали – Тие се сметаат како симбол за среќа уште во времето на древните Египќани, па затоа и ги поставувале во своите гробови, со цел да ѝ овозможат на душата да се качи до небото.

Растенија кои носат среќа

Детелина со четири листа – Таа е нешто што сите луѓе го препознаваат како знак за среќа. Ова верување најверојатно потекнува од детелината на Св. Патрик – заштитникот на Ирска. Исто така постои уште една легенда која ни кажува дека Ева од рајот понела детелина за среќа.

Среќни броеви

Број 7 – Овој број во многу култури се смета за среќен. Во западниот свет тој претставува пожртвуваност и 7 врлини – мудрост, разбирање, чест, слава, сила, добрина и мир.

Предмети и појави кои исполнуваат желби

Пилешка коска – Сигурно и вие како мали сте си замислувале желба и потоа сте ја кршеле со уште една личност онаа пилешка коска која изгледа како јадица со верувањето дека желбата ќе му се исполни на оној кој ќе остане со поголемиот дел во својата рака.

Трепка – Според слични верувања, паднатата трепка исто така може да ви исполни желба доколку ја земете од образот со вашите прсти, замислите желба и потоа ја дувнете.

Ѕвезда што паѓа – Иако сега многу добро знаете дека станува збор за метеор кој согорува во атмосферата на Земјата, сепак сигурни сме дека уште верувате дека оваа појава може да ви оствари желба која навистина ја посакувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар