Дознала дека наскоро ќе умре и започнала да го подготвува семејството за животот по нејзината смрт

Клер Моремото имала 39 години кога дознала дека тешката моторна невронска болест ќе ја победи и ќе ѝ го одземе животот. Веќе немало надеж дека ќе може да дочека длабока старост со својот сакан сопруг и децата, но наместо да заглави во самосожалување, таа својата љубов кон нив ја преточила во подготвување за животот кој ќе продолжи кога неа веќе ќе ја нема.

Дознала дека наскоро ќе умре и започнала да го подготвува семејството за животот после нејзината смрт

Таа започнала да бара друга жена која ќе им го даде на сопругот и децата она што таа наскоро нема да може. Од лаптопот во нејзината болничка соба работела на закажување состаноци за нејзиниот сопруг Џон со други жени. Иако тој не бил спремен за барање нова љубов во тие последни денови, се сеќава како таа ги ставила настрана нејзините чувства за да му помогне да најде некого за по нејзината смрт. Таа сметала дека тој мора да најде друга жена која ќе го сака него и нивните два сина на возраст од десет и седум години.

„Не бев спремен. Се плашев како ќе реагираат синовите. Можеа да си помислат дека сакам да најдам замена за мајка им“, вели Џон.

Клер починала во февруари 2007 година, време во кое Џон сè уште немал најдено нова љубов, но ѝ ветил дека ќе најде. Нејзината желба се исполнила наскоро, кога Џон по неколку месеци ја сретнал и се вљубил во Џули, мајка на две деца на слична возраст како и неговите. По една година сите се вселиле во ист дом, а во 2012 Џон и Џули се венчале.

„Во говорот за време на венчавката ја спомнав и Клер и времето кое го поминавме заедно. Им открив дека нејзината желба беше да запознам посебна жена. На сите им реков дека Клер сега гледа одозгора и се смешка. Таа сакаше да бидеме среќни и мислам дека и таа би била среќна кога би можела да види како излегоа работите на крај“, вели Џон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар