Дознајте што открива обликот на брадата за вашиот карактер

Може да откриете многу работи за човечкиот карактер ако го набљудувате телото на личноста. Најверојатно веќе имате прочитано што откриваат вашите раце или нокти за вас, но дали сте знаеле дека токму брадата може да ви помогне да дознаете најмногу нешта за себе? Па, што чекате? Земете огледало и погледнете ја вашата брада. Дали има квадратен облик или пак заоблен? Погледнете ја сликата, одберете го вашиот облик на брада и прочитајте ги анализите…

Дознајте што открива обликот на брадата за вашиот карактер

1. Квадратна брада

Луѓето со квадратна брада се агресивни, директни и тврдоглави. Тие не знаат да ги искажат своите емоции. Многу се горди и честопати знаат да ги навредат другите луѓе.

2. Кратка или тесна брада

Луѓето со ваква брада се интелигентни и остроумни. Тие мислат само на себе и имаат критичка и невротична природа. Не им оди добро самоанализата.

3. Долга брада

Луѓето со долга брада се лојални, опуштени и дружељубиви. Најчесто, тие имаат големо семејство.

4. Заоблена брада

Луѓето со заоблена брада се позитивни и многу емотивни. Тие мораат напорно да работат во првиот дел од животот за подоцна да уживаат во среќата.

5. Истакната брада

Луѓето со истакната брада се полни со самодоверба. Тие постојано работат и не знаат да воспостават рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.

6. Вовлечена брада

Луѓето со вовлечена брада се популарни и лесно заработуваат пари. За жал, многу се неодлучни.

Дали сте знаеле дека и обликот на вашиот нос зборува многу нешта за вашиот карактер?

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар