Дознајте која е најслабата крвна група

Дознајте која е најслабата крвна група

Постоењето на четирите крвни групи, А, В, АВ и 0 се јавило како последица на еволуцијата. Австрискиот доктор Карл Ландстајнер во 1900-тата година открил 3 крвни групи А, В и 0. Тоа било огромно откритие поради кое Ландстајнер освоил Нобелова награда за големо достигнување во медицината. Неколку години подоцна била откриена и крвната група АВ.

Дознајте која е најслабата крвна група

Една од крвните групи се разликува од останатите по тоа што содржи антигени, односно обвивка околу црвените крвни клетки кои му помагаат на телото да препознае кои крвни клетки се ваши. Тоа значи дека ако пациент со крвна група А прими трансфузија од донатор со крвна група В, антителата во организмот на пациентот ќе ја одбијат примената крв бидејќи не им одговара. Тогаш постои опасност од згрутчување на крвта што може да го загрози животот на пациентот.

Постојат два главни антигена кои ги опкружуваат ертитроцитите, наречени А и В. Ако вашата крвна група е АВ, во вашето тело има А и В антитела. На крвната група 0, пак, ѝ недостасуваат антигените А и В поради што антителата на пациентот со крвна група 0 ќе ги нападнат антителата на крвните групи А и В при трансфузија. Токму поради ова луѓето со крвна група 0 можат да примаат крв само од истата крвна група.

Дознајте која е најслабата крвна група

Крвната група А е најстарата крвна група, а сите останати настанале како резултат на мутации кои биле неопходни за човекот да преживее, односно да се спротивстави на одредени болести. Така пред 5 милиони години настанала крвната група 0, а набрзо по неа и крвната група В.

Постои верување дека тие мутации опстанале благодарение на нивната отпорност на одредени болести. Научниците заклучиле дека клетките заразени со маларија не се врзуваат лесно со крвната група В или 0, што значи дека луѓето со тие крвни групи се поотпорни на маларија отколку луѓето со крвна група А.

Оттука доаѓаме до заклучок дека крвната група А е „послаба“ од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар