Дознајте кој град во светот е 6 пати по ред прогласуван како најдобар за живеење

Според квалитетот на животот, австралискиот град Мелбурн е шеста година по ред прогласен за најдобар град за живот во светот, додека, пак, на второто место се наоѓа Виена. Ова се податоците добиени по извршените анализи од страна на „Economist Intelligence Unit“ (ЕИУ) од Лондон.

Дознајте кој град во светот е 6-ти пати по ред прогласен како најдобар за живеење

Мелбурн

Понатаму следуваат Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделејд, Перт, Оукланд и Хелсинки, а најдобрите десет завршуваат со градот Хамбург како последен на листата.

ЕИУ го рангира квалитетот на животот во 140 градови според 30 критериуми како што се безбедност, здравствена заштита, образование, инфраструктура, култура и животна средина. ЕИУ потенцира дека животот е најудобен во градови со средна големина во богати земји со релативно мала густина на населеност.

Дознајте кој град во светот е 6-ти пати по ред прогласен како најдобар за живеење

Хамбург

„На тој начин тие можат да уживаат во многубројни рекреативни активности без да се плашат од зголемување на криминалната стапка или преоптовареност на инфраструктурата“, пишува во извештајот.

На дното на листата се наоѓаат Дамаск, Триполи и Лагос. Единствениот европски град кој спаѓа во најлошите десет е Киев.

Дознајте кој град во светот е 6-ти пати по ред прогласен како најдобар за живеење

Киев

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар