Дознајте кои се најевтините градови во светот каде што можете да бидете богати со малку пари

Самото патување не е евтино, но постојат градови каде што животот воопшто не е скап и ќе можете да си поминете одлично и со малку пари. Во овие градови нема да потрошите многу за да се забавувате, да ручате во полуксузен ресторан или да си поминете одлично во некој ноќен клуб. Дознајте за кои светски градови станува збор…

Рио де Жанеиро

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Градот во кој се одржаа посладните Олимписки игри нуди одлична комбинација од поволни цени и добар квалитет. Станува збор за огромен град во кој има сѐ, а познато е и дека цените се значително паднати во последните неколку години.

Асунсион

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Ќе се задржиме уште малку во Јужна Америка, само што сега наместо во Бразил, ќе појдеме во Парагвај. Главниот град на оваа држава доживува вистински туристички развој во последните неколку години, што не е воопшто чудно ако го земеме предвид фактот дека се работи за град со богата историја, многу постара од Рио и Буенос Аирес.

Јоханесбург

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Еден од трите главни града на Јужноафриканската Република се движи напред со големи чекори. Станува збор за еден од најмодерните градови на африканскиот континент, преполн со облакодери и високи згради. Токму поради тоа, неговиот изглед многу потсетува на американските и западноевропските градови.

Лагос

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Следен на листата е поранешниот главен град на Нигерија. Тука живеат околу 16 милиони жители, но нема да сретнете премногу туристи, бидејќи Нигерија сѐ уште не е толку присутна на туристичките мапи.

Санкт Петербург

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Сигурно се прашувате дали е можно еден руски царски град да биде толку евтин! Одговорот е „Да“. Санкт Петербург е град со бурна историја кој за време на неговите 350 години постоење има „видено“ многу повеќе и од градовите што постојат преку 1.000 години. Во овој град, на секој чекор ќе се среќавате со по некоја приказна од минатото, бидејќи вредните остатоци од неговата историја се насекаде.

Киев

Дознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку пари

Главниот град на Украина е поволен за сечиј џеб. Се работи за огромен град, но и за еден од најстарите европски градови кој на некој начин претставува родно место на целата источноевропска словенска цивилизација. Љубителите на црквите и катедралите ќе уживаат во прошетката, бидејќи ретко кој град може да се пофали со повеќе вакви објекти од Киев.

Во продолжение дознајте и кои се најдобрите 15 места за живеење во светот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар