Дознајте кои професии се најголемите уништувачи на бракот

Во денешно време многу често се вели дека единствена причина за разводот е бракот. Статистички гледано можеби навистина е зголемен бројот на разводи за разлика од нивниот број во минатото, но тоа не значи дека треба да се изгуби вербата во вечна љубов. Сепак, постојат одредени професии кои се повеќе изложени на ризикот од распад на бракот за разлика од останатите.

Дознајте кои професии се најголемите уништувачи на бракот

Според едно британско истражување, докторите се разведуваат далеку почесто од инженерите. Во најризична категорија, во поглед на тоа дека работата им го уништува семејното гнездо, се танчарите, кореографите, шанкерите и физиотерапевтите. Имено кај нив постои веројатност од 40% дека ќе се разведат од животниот сопатник.

Болничарите, медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив со 30% шанси да им се распадне бракот. Најмалку загрозени се браковите на инженерите со само 2% ризик од развод.

„Не е чудно што инженерите најмалку се разведуваат бидејќи се работи за рационални луѓе кои пред сѐ бараат стабилност, како на професионално така и на љубовно поле“, објаснува еден од авторите на истражувањето.

Во истражувањето се наведува дека бројот на работни часови, прекувремената работа и работата за време на викендот немаат големо влијание на бракот.

Авторите на истражувањето ги анализирале разведените или разделените парови со 449 различни професии. Директорот на агенцијата „Relation and Performance“, Хамид Агини, сепак укажува дека не се застапени сите професии во ова истражување, и тоа баш оние кои се најголемите причинители на разводот, како што се политичарите, директорите или новинарите.

Тој додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се почести, се најголеми виновници за распадот на браковите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар