Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Дали сте знаеле дека сите ние имаме духовно животно кое ни носи посебна порака за важните лекции што мора да ги научиме во текот на животот? Во зависност од тоа во која недела од месецот сте родени, имате неколку значајни лекции кои треба да ги научите за да постигнете личен развој. Најдете го вашето духовно животно и прочитајте ја пораката што ви ја носи…

Прва недела: Од 1-ви до 7-ми

Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Ако сте родени во првата недела од месецот, вашето духовно животно е моќната мечка. Луѓето со ова духовно животно минуваат низ бранова на висока и ниска енергија. Можеби ќе забележите дека зимските месеци ги поминувате во хибернација, додека во текот на летото сте поактивни.

Пораките што ви ги носи вашето духовно животно:

  • Развијте ја вашата сила и доверба
  • Научете како да преземате акција и водство и борете се против мрзеливоста
  • Користете ги вашите исцелувачки способности за да си помогнете себе, но и на другите
  • Научете како да се приземјувате во стресни ситуации

Втора недела: Од 8-ми до 14-ти

Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Ако сте родени во втората недела од месецот, вашето духовно животно е грациозниот коњ. Луѓето со ова духовно животно имаат силен апетит за страсти. Имате силна мотивација која ве води во текот на целиот ваш живот и добро ќе ви послужи тогаш кога плановите нема да ви одат онака како што сте очекувале.

Пораките што ви ги носи вашето духовно животно:

  • Научете да воспоставите рамнотежа помеѓу инстинктот и логиката
  • Научете како грациозно да се справувате со тешките ситуации
  • Завладејте со вашите силни емоции и желби

Трета недела: Од 15-ти до 21-ви

Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Ако сте родени во третата недела од месецот, вашето духовно животно е големиот сокол. Луѓето со ова духовно животно имаат силна интуиција. Обично се повлекувате и ја согледувате големата слика пред да донесете конечен заклучок.

  • Пораките што ви ги носи вашето духовно животно:
  • Научете како да ја зајакнете вашата врска со духовниот свет
  • Изострете го фокусот и одредете ја вашата визија
  • Развијте поголемо чувство за време – верувајте им на вашите инстинкти

Четврта недела: Од 22-ри до 30-ти

Дознајте ја пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање

Ако сте родени во четвртата недела од месецот, вашето духовно животно е интуитивниот елен. Луѓето кои го имаат еленот како духовно животно се многу чувствителни и интуитивни. Знаете како грациозно да се справувате со предизвиците и што сѐ треба да преземете за да ги надминете проблемите. Секогаш внимавате, брзо се движите и им верувате на вашите инстинкти во незгодни ситуации.

Пораките што ви ги носи вашето духовно животно:

  • Научете да најдете сила во вашата нежност
  • Поврзете се со вашето внатрешно дете и станете помилосрдни
  • Одвојте време за себе за да се обновите и излечите по стресните ситуации
  • Развијте ги вештините за слушање и набљудување

Во продолжение дознајте кои 13 животни носат пораки од универзумот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар