Домино часовник

Домино часовник

Живееме во неверојатно брз свет. Најразличните аларми, потсетници и известувања не водат низ секојдневието со неверојатна прецизност. Спротивно на притисокот и стресот со коишто се соочуваме секојдневно, овој домино часовник, го зема едноставниот и иконски дизајн на доминото и го трансформира во нов начин на прикажување на времето.(1) Домино часовникТрите големи домина се опремени со јасни ротирачки точки коишто имаат само една оска на ротација (напред-назад) и со тоа ја менуваат бојата од црно во бело и обратно, притоа покажувајќи го точното време.(2) Домино часовникМожат да се закачат на ѕид или едноставно да се постават на каква било рамна површина. Меѓусебе комуницираат безжично и воедно создаваат неверојатно релаксирачко искуство. Часовникот е изработен од страна на Carbon Design Group, којшто планираат часовникот да го развиваат и во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. elena prodanova Reply

    bas takov casovnik mi treba

  2. Anita Reply

    i jass sakam takov 4asovnikkk..:)))

Напиши одговор на Anita Откажи одговор