Долго живеат и се вистински романтичари: Личностите кои се родени во октомври се поразлични од сите!

Личностите кои се родени во октомври се големи романтичари, но и многу одговорни работни луѓе. Ви откриваме 7 занимливи факти за овие личности.

1-dolgo-zhiveat-tie-se-vistinski-romantichari-lichnostite-koi-se-rodeni-vo-oktomvri-se-porazlichni-od-site-www.kafepauza.mk_

1. Тие се спортски настроени

Како и личностите родени во септември, така и личностите родени во октомври се спортски типови. Всушност, колку повеќе мајката во текот на бременоста е изложена на летните сончеви зраци, толку повеќе погодноста на витаминот Д ќе влијае врз нејзиното неродено дете. Токму една од тие погодности е растот на коските и мускулите.

2. Нивниот цвет на раѓање е невен

Невенот е билка која може да израсне до 60 центиметри и која е ценета заради нејзината лековите моќ. Па така, невенот често се користи за ублажување на исечениците, изгорениците, раните, па дури и за убод од инсекти.

2-dolgo-zhiveat-tie-se-vistinski-romantichari-lichnostite-koi-se-rodeni-vo-oktomvri-se-porazlichni-od-site-www.kafepauza.mk_

3. Тие се романтичари

Личностите родени во октомври се многу шармантни и многу добри романтични партнери. Со нив владее Венера, па затоа тие создаваат склад и се познати како „миротворци“.

4. Тие се или Вага или Скорпија

Оние кои се родени пред 24 октомври во хороскоп се Вага, правејќи ги урамнотежени и друштвени личности, додека оние кои се родени на крајот од месецот се Скорпии – тие се многу страсни, лојални и поприлично тврдоглави.

5. Тие се ориентирани кон кариерата

Одговорни се и одлучни, поточно тие се многу ориентирани кон кариерата. Кога ќе започнат нешто, тогаш мора и да го довршат.

3-dolgo-zhiveat-tie-se-vistinski-romantichari-lichnostite-koi-se-rodeni-vo-oktomvri-se-porazlichni-od-site-www.kafepauza.mk_

6. Нивните камења на раѓање се опал и турмалин

Опалот често се поврзува со среќа. Но, според легендата оние кои носат опал, а не се родени во октомври, ќе ги снајде несреќа. За турмалинот пак се смета дека штити од лоша енергија и негативни мисли.

7. Тие живеат многу долго

Луѓето кои се родени помеѓу септември и ноември често живеат и преку 100 години. Но, токму оние кои се родени во октомври имаат најдобри шанси да доживеат многу длабока старост.

За тоа дека октомври е еден навистина прекрасен и забавен месец, погледнете кои „откачени“ фестивали се слават во октомври.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар