Доколку гласното џвакање на луѓето ве излудува, веројатно сте генијалци!

Гледате филм со друштво и еден од пријателите ги џвака пуканките толку гласно, што мислите дека ќе полудите. Сепак, на никој друг во просторијата не му пречи тоа, па се прашувате што не е во ред со вас и дали можеби претерувате. Доколку звуците на гласното џвакање и пиење ве вадат од кожа можеби спаѓате во тие 20% од луѓето кои имаат нарушување познато како мизофонија, односно зголемена чувствителност на одредени звуци.

Доколку гласното џвакање на луѓето ве излудува, веројатно сте генијалци

Поради ова можеби одбегнувате многу бучни ресторани и места и не можете да поднесете да бидете во близина на одредени луѓе додека јадат, но најновите истражувања ја покажуваат и позитивната страна на ова нарушување.

Истражувањата спроведени од страна на Универзитетот Нортвестерн откриле дека луѓето кои се многу чувствителни на одредени звуци, размислуваат покреативно од оние кои го немаат тоа нарушување. Според тоа, колку повеќе ве вознемирува начинот на кој вашиот колега џвака мастика, толку поголем генијалец сте.

Но, ако се пронаоѓате во другата категорија луѓе, односно оние кои џвакаат гласно, направете им услуга на сите и престанете со тоа.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар