Додека го чекате зеленото светло на семафорот…

Благодарение на германските студенти Сандро Енгел и Холгер Мишел чекањето на крстосниците повеќе не мора да биде здодевно. Тие дошле до идеја да креираат верзија на видеоиграта уличен понг (street pong), која на пешаците им помага да го „убијат“ времето додека се вклучи зеленото светло на семафорот. Нивниот изум е поставен на копчето за пешаци. За да не се заборавите на крстосницата и задоцните онаму каде што сте тргнале, играта прекинува веднаш штом светне зелено.Додека го чекате зеленото светло на семафорот...Ова е студентски труд на Енгел и Мишел, изработен на Универзитетот за применети науки и уметности (HAWK) во Германија. Доколку нивната инсталација би била трајна и општо прифатена насекаде во светот, омразените семафори на крстосниците, би се претвориле во интерактивна, урбана забава. Кул идеја. Погледнете и уверете се самите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар