Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Волците се веројатно најпогрешно разбраните диви животни. Тие најчесто се поистоветуваат со ладнокрвност, крволочност и агресивност, но ако подобро ги запознаете ќе сфатите дека овие комплексни животни имаат некои прекрасни особини кои мора да се почитуваат.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Волците се многу попријателски расположени кон околината отколку што се мисли. Тие се лојални до смрт, со силно чувство за посветен фамилијарен живот, при тоа задржувајќи ја својата индивидуалност. Тоа е првиот впечаток што го добиваат научниците кои ги набљудуваат овие суштества. Една од најдобрите и највпечатливите особини на волкот е формирањето на цврста емоционална врска со блиските. Нивните малечки уште во првите неколку недели доживотно се приврзуваат за останатите од групата, а многу тешко ја доживуваат подоцнежната разделба со нив. Оваа нивна карактеристика е особено видлива во случаите кога волкот е одгледан од човек уште од малечко, па тоа подоцна не ја развива „природната агресивност“ која погрешно му се припишува, туку формира силна пријателска врска со човекот и евентуално со кучињата со кои рано дошло во контакт.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Волците се многу верни моногамни суштества. Се врзуваат со само еден партнер за цел живот, а таа врска трае сè додека еден од нив не умре. Дури тогаш другиот тргнува во потрага по нов партнер. Инцестот во глутницата е строго забранет и е можна причина за нејзино распаѓање. Доколку еден волк-мажјак не успее да најде партнерка во рамките на својата територија, тој има право да се пари со женка од друга глутница. Со тоа во научната јавност го добива епитетот „Казанова волк“.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Мирољубивоста на волкот е уште една особина која сигурно ќе ве изненади. Иако владее стереотипот дека тој е агресивен и крволочен убиец, волкот сепак има природна одбивност кон насилството. Најчесто, пред да посегнат кон борба, се обидуваат проблемите да ги решат со гневен продорен контакт со очите кој има за цел да го избрка натрапникот од нивната територија. Тие најголемиот дел од своето време го поминуваат во друштво на други волци, а истражувачите забележале и случаи во кои еден волк прекинува борба помеѓу двајца други од својот вид.

Сепак, тоа не значи дека кај волците ја нема агресивноста. Кога треба да ги заштитат блиските тие можат да покажат многу суровост. Не се двоумат дали да ги употребат забите кога сакаат да се одбранат себе или своите млади, ниту пак кога треба да уловат некој плен или да ја одбранат својата територија. Оваа особина им е неопходна за да преживеат во суровите услови во дивината, при тоа покажувајќи способност за безрезервна соработка со другите членови од глутницата.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Волците се неверојатно интелигентни животни. Биолозите велат дека интелигенцијата на волкот е слична со онаа на најпаметните кучиња. Иако не е лесно да се измери интелигенцијата кај животните, тие сфатиле колку се паметни волците кога во минатото биле ловени од локалните ловци во Минесота, САД. Волците покажале извонредна способност за учење и меморирање кога почнале да бегаат од отворените полиња, веднаш штом слушнале звуци кои ги асоцирале на ловците. Кога ваквите звуци се стишувале, тие се враќале на истото место кое претходно го избегнувале. Дури и самите ловци признаваат дека волкот е голем предизвик кога треба да се улови.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

Сите овие особини важат за сите волци, но сепак одредувањето на нивните индивидуални карактеристики и понатаму останува тешко за научниците. За нив може да се генерализира до бескрај исто како и кај луѓето. Слично како што ние луѓето секојдневно ја ставаме нашата индивидуалност во рамките на општествено наметнатите улоги на син, ќерка, сопруг, сопруга, шеф или работник, така и волците ги играат зададените улоги во своите групи. Така, биолозите еден волк-мажјак го опишуваат како роден лидер, самоуверен, кој ги поддржува другите волци, а друг како плашлив кој ужива во удобноста. Една женка е опишана како бестрашна, инвентивна и склона кон играње, а друга како воздржана која често покажува дека е полна со љубов кон малечките.

Добрите страни на волците заради кои ќе ги засакатеДобрите страни на волците заради кои ќе ги засакате

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар