Џона Фалкон - човекот со најголем пенис на светот

Џона Фалкон – човекот со најголем пенис на светот

Џона Фалкон е еден вид славна личност во неговиот роден град Њујорк поради една голема причина: тој е сопственик на најголемиот пенис во светот.Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотСо големина од 20цм кога не е еректиран и импресивни 34 цм кога е во ерекција, 42-годишнот надарен бисексуалец од Њујорк се популаризира по насловните страници, откако неговиот голем „пакет“ предизвика проблеми на аеродромот во Сан Франциско, кога обезбедувањето се посомневало дека крие во пантолоните некакво опасно оружје. Притоа го посипале со некаква бела пудра на пантолоните, за да проверат дали има некакви траги од експлозив.

Ми стана многу забавно. Си помислив, која е најлошата работа којашто може да ми се случи? Ќе морам ли да им го покажам за да се уверат дека не кријам ништо?“ – вели Џона

Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светот

Ми беше наместен на левата страна и не ми беше во ерекција. Еден од обезбедувачите ме праша дали џебовите ми се празни. Му реков: Да, тоа е мојот к*р. Потоа ме допре со рацете околу мојот полов орган, за да се увери.“

Тој вчера седна и на познатата софа од американската утринска емисија „This Morning Show“, каде што изјави дека имањето огромен орган, честопати го користи за да има секс, а особено му се има посреќено со постари жени. За нив смета дека се поискусни, имале многу секс и сега се во потрага по нешто ново и поинакво.
Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотВодителот на емисијата, на картон исечен во облик на маж, ја покажува разликата помеѓу големината на пенисот кај просечен маж и пенисот на Џона и разликата е навистина застрашувачка.
Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотЏона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотЏона вели дека првпат забележал дека е различен од останатите кога бил дете од 10-годишна возраст. Тогаш првпат си го измерил, бидејќи бил љубопитен како што биле сите останати момци. Тогаш не размислувал многу на темата и не се заморувал со тоа.

Сите мои пријатели знаеја дека ми е многу голем, но никогаш не ми го кажаа тоа в лице, па ме озборуваа зад грб. Одев во училиште во кое имаше најмногу евреи, па ја бев еден од ретките со друга вера и мислев дека поради тоа ми се восхитуваат.“

Џона бил малку популарен и во далечната 1999 поради големината на неговиот пенис, откако за него напишало списанието Rolling Stone и откако се појавил на HBO. Но, потоа му било тешко да пронајде работа, откако краток период работел како рецензент на видео игри.

Тој признава дека кога бил помлад бил промискуитетен, особено на 19 години кога отишол на бејзбол – камп, каде што луѓето кревале фама околу неговиот голем пенис.

Јас сум актер и единец во семејството, а воедно и фалбаџија.“

Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотДо 25 години, тој се популаризирал поради неговиот огромен пенис и спиел со многу мажи и жени. Се трудел да ја зајакне неговата самодоверба, но потоа сфатил дека се „изгорел“ од љубовта, качил многу килограми и престанал да се грижи. Тој е сингл од 1996 година.

Кога водителката Холи го прашала дали големината на неговиот пенис некогаш му прави проблем кога има секс со девојка, тој одговорил дека тоа ретко се случува бидејќи тој ја обожава предиграта, сака орален секс и обожава да се бакнува. Кога личноста покрај него се возбудува и ужива во сексот, Џона вели дека се чувствува среќно и е спремен да ги исполни сите нејзини сексуални желби.Џона Фалкон - човекот кој има најголем пенис на светотТој признава дека има одбиено многу понуди за работа од порно индустријата, бидејќи не сака да има секс пред јавноста и додава дека дури и кога би можел да смени нешто, не би направил никакви промени на неговото тело. Вели дека сѐ уште ужива зошто поседува нешто специјално и се чувствува добро онаков каков што е.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар