Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите

Click & Grow е креативен изум кој на вашиот дом ќе му даде допир со природата. Најинтересното е тоа што на овие саксии со цвеќиња, не им треба градинар. Во саксијата има електронски систем, кој е способен сам да ја дозира водата, хранливите материи и воздухот, кои му се потребни на цвеќето. Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеСѐ што треба да направите е да ставите батерии и вода во садот, а за останатото ќе се погрижат сензорите, софтверот и процесорот. Интересно е тоа што, во „саксијата“ можете да менувате повеќе различни видови цвеќиња. Па ако ви досади од едно, можете да ставите друго растение. Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите
Работи на сличен принцип како печатач, го заменувате едниот со другиот патрон, но наместо да печатите, ќе ви порасне ново цвеќенце. Се продава на Amazon, а достапни се различни видови растенија: мини домати, лути пиперчиња, босилек, магдонос, цитронела, француски невен, жалфија, колеус (шарена коприва)…Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеПогледнете во видеото како растението магично расте, без да го посадите. :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Anastas Reply

    Odlicna idea

Остави коментар