Девојче со години ги хранело гавраните, па тие почнале да ѝ носат подароци

Малата Габи Ман од Сиетл одвреме-навреме добива по некој подарок кој е поразличен од сите други, затоа што не добива секој подарок од гавран. Локалната гавранска популација не го заборава тоа што ова девојче го правело и го прави за нив и затоа ѝ доставуваат по нешто за да покажат благодарност и да ѝ ја возвратат љубовта. Таа ги храни во последните четири години, а тие не остануваат должни враќајќи ѝ со парчиња метал, копчиња, завртки, навртки, мали пластични предмети и сè друго што има голема вредност во гавранскиот свет.

Девојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароциДевојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароциДевојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароци

Затоа сега Габи има уникатна колекција од предметчиња. Има добиено и парче метал на кое пишувало Best и сега може да го чека и вториот дел на кој мора да пишува Friend. Еднаш дури ја вратиле и загубената леќа од фотоапратот на мајка ѝ. Така е тоа кога имаш гаврани за пријатели.

Девојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароциДевојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароциДевојче со години ги хранело гавраните, а тие почнале да ѝ носат подароци

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар