Детски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеат

Кој ќе ви го направи вашиот ден поубав, ако тоа не се децата? Тие ќе ве насмеат, ќе ве наполнат со позитивна енергија и ќе ви ја покажат позитивната страна на животот. Погледнете ги овие детски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеат.

Детски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеат

Зошто Бог ја создал твојата мајка?

Прво дете:

„Само таа знае каде се наоѓа селотејпот.“

Второ дете:

„Воглавно за да ја чисти куќата.“

Трето дете:

„За да ни помогне да излеземе од таму од каде што сме се родиле.“

Како Господ ја создал твојата мајка?

Прво дете:

„Користел прашина, баш како и сите ние.“

Второ дете:

„Со магија, плус суперсила и со многу мешање.“

Трето дете:

„Бог ја создал мојата мајка токму како мене. Само користел повеќе делови.“

Од кои состојки се направени мајките?

Прво дете:

„Бог ја направил мајка ми од облаци и ангелска коса и сѐ убаво на светот, со само малку злоба.“

Второ дете:

„Тие морале да почнат од коските на мажот. Мислам дека затоа прават многу шпаги.“

Зошто Бог ти ја дал твојата мајка, а не некоја друга?

Прво дете:

„Затоа што сме роднини.“

Второ дете:

„Бог знаел дека таа многу ме сака, повеќе отколку што би ме сакала некоја друга мајка.“

Каква била твојата мајка како девојче?

Прво дете:

„Мојата мајка секогаш била моја мајка и ништо друго.“

Второ дете:

„Не знам, не сум била таму, но би рекла дека била вистинска шефица.“

Трето дете:

„Велат дека некогаш била многу добра.“

Детски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеат

Преминете на наредната страница за да видите уште интересни детски бисери.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар