Декларација за животни принципи на Пауло Коелјо

Пауло Коелјо е еден од најчитаните писатели на денешницата од едноставна причина што има неверојатна способност на мистичен начин да зборува за проблемите на современиот човек и да биде добро разбран од широката публика. И самиот поминал низ многу проблеми кои го направиле она што тој е денес, така што има собрано доволно животно искуство кое го пренесува преку своите книги и преку кратки текстови кои ги објавува на неговиот блог. Таму е објавена и неговата Декларација со принципи според кои секој човек треба да живее, која следува во целост.

Декларација за животни принципи на Пауло Коелјо

1. Сите луѓе се различни. И треба да направат сè што е во нивна моќ за тоа да остане така.

2. На секој човек му е дадено да дејствува во два правци: оној на делата и оној на размислувањето. И двата правци водат кон исто место.

3. На секој човек му се дадени два квалитети: моќ и дарба. Моќта ја движи личноста кон исполнување на својата судбина, а дарбата ја обврзува личноста да го сподели со другите доброто што тлее во него/нејзе. Човек мора да знае кога да ја употреби моќта, а кога да биде милосрден.

4. Секому му е дадена привилегија: правото да избира. За оној што не ја користи оваа привилегија, тоа станува клетва – па другите секогаш го прават изборот за него/неа.

5. Секој човек има право на два благослови: правото да постапува правилно и правото да греши. Во случаите на вториот благослов, секогаш постои пат на кој се учи и кој води до правилното постапување.

6. Секој човек има свој сексуален живот и треба да го практикува без чувство на вина, под услов да не им наметнува на другите тоа да го практикуваат со него/неа.

7. Секој човек има своја Лична легенда која треба да ја исполни и тоа е причината поради која постои на овој свет. Личната легенда се пројавува низ ентузијазмот во сето она што тој/таа го прави.

Личната Легенда може да се напушти на краток период, под услов личноста да не заборави на неа и да ѝ се врати најбрзо што може.

8. Секој маж има своја женска страна и секоја жена има своја машка страна. Неопходно е дисциплината да се употребува интуитивно и интуицијата да се користи објективно.

9. Секој човек мора да знае два јазика: оној на општеството и оној на духовните знаци. Првиот служи за да се комуницира со другите. Вториот служи за да се преведат пораките кои ги праќа Бог.

10. Секој човек има право на потрага по среќа, среќа која него го прави задоволен, но која не мора и другите да ги направи задоволни.

11. Секој човек мора во себе да го чува запален светиот пламен на лудоста. И мора да се однеува како нормална личност.

12. Единствени смртни гревови се следните: да не се почитува правото на својот сосед, некој да си дозволи да биде скаменет од страв, да чувствува вина, да мисли дека не го заслужува доброто и лошото кои му се случуваат во животот и да биде кукавица.

Треба да ги сакаме нашите непријатели, но не треба да се здружуваме со нив. Тие се нашле на нашиот пат за да ја тестираат силата на нашиот меч и затоа го заслужуваат нашето спротивставување и почит.

Ние треба да ги одбираме нашите непријатели, а не тие нас.

12-a. Со ова го објавуваме крајот на поделбата помеѓу светото и световното. Отсега па натаму сè е свето.

14. Сè што се случува во сегашноста ќе ја добие својата последица во иднината и е последица на минатото.

15. Невозможното е возможно.

Точката 11 подобро ќе ја сфатите ако прочитате што според него е нормално денес. Покрај тоа, веќе ги имаме објавено и неговите сфаќања за човековата убавина и неговата Конвенција за повредените во љубовта.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар