Дали знаете зошто пролетта оваа година подрани еден ден?

Дали знаете зошто пролетта оваа година подрани еден ден?

Денес, 20 март, пролетта започнува точно во 17.57. Иако досега сме навикнати пролетта да ја дочекуваме на 21 март, сосема е нормално датумот повремено да варира.

dali-znaete-zoshto-proletta-ovaa-godina-podrani-eden-den-kafepauza.mk

Рамноденицата, кога денот и ноќта траат исто, настапува секоја пролет и секоја есен. Оваа година таа подрани еден ден, па така денес е денот кога денот и ноќта траат подеднакво, односно по 12 часа.

Иако ова може за многумина да делува збунувачки, со оглед на тоа што на училиште сите учевме дека датумот кога настапува пролетта е 21 март, сепак се работи за нормална појава, за која постои сосема логично објаснување.

Датумот кога ќе настапи рамноденицата може да варира во зависност од тоа дали годината е престапна или не. Причината е во тоа што тропската година трае приближно 6 часа подолго од непрестапната календарска година. Всушност, тропската година го објаснува овој феномен на „порано настапување на пролетта“.

Тропската година го означува периодот во кој Сонцето, набљудувано од Земјата, треба да се појави во истата точка во истото годишно доба, на пример од една есенска рамноденица до друга есенска рамноденица.

Просто кажано, тоа е времето за кое Земјата го обиколува Сонцето, за период од 365 дена, поточно 365 дена, 5 часа и 48 минути и 45,5 секунди.

Затоа, Сонцето во пролетната точка не поминува секоја година во исто време, односно касни околу 6 часа. Заради тоа, не е чудно пролетта да започне ниту на 21, на 22, па дури и на 23 март.

Од истата причина постои поимот престапна година која се воведува за да се изедначи циклусот, а календарската година да се приближи до тропската.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар