Дали знаете што е андросексуалност?

Дали знаете што е андросексуалност?

Сексуалноста е многу комплицирана, па затоа логично е тоа што постојано се појавуваат специфични зборови со чија помош дополнително се објаснува значењето на овој термин. Сигурно сте чуле за хетеросексуалност, хомосексуалност, бисексуалност и асексуалност, но дали знаете што е андросексуалност? Во продолжение дознајте нешто повеќе за овој термин…

Дали знаете што е андросексуалност?

1. Постојат повеќе дефиниции за зборот „андросексуален“. Најчестата дефиниција е дека станува збор за човек кого го привлекуваат помажествени поединци. Втората дефиниција е дека андросексуалноста се однесува на луѓе кои чувствуваат сексуална привлечност кон небинарни луѓе (оние кои не се идентификуваат ниту како мажи, ниту како жени). Многу е важно да се запомни дека полот и сексуалноста зависат од многу работи и секој човек може да има различно толкување за значењето на зборот „андросексуалност“.

2. Терминот има грчко потекло. Не се знае кога точно почнал да се користи овој збор, но се верува дека корените потекнуваат од зборот „андро“ што значи „машко“, во контекст на сексуалноста.

3. Може да го чуете како синоним за „андрофилија“. Технички, двата збора го имаат истото значење, но постои суптилна разлика помеѓу нив. Зборот андрофилија звучи многу клинички и може да предизвика одбивност кај одредени луѓе. Тој исто така се користи за да се одреди сексуалната привлечност кон одреден пол, а не половиот идентитет. Но, со оглед на тоа што јазикот е многу хаотичен, дефинициите за овие термини се отворени за различни интерпретации.

4. Хетеросексуалните жени не мора да бидат и андросексуални. Андросексуалноста е многу поспецифична, иако постојат хетеросексуални жени кои се идентификуваат на таков начин. За некои луѓе, андросексуалноста подразбира сексуална привлечност кон мажи, но за некои, терминот се однесува само на трансродови мажи. Генерално гледано, андросексуалните луѓе чувствуваат сексуална привлечност кон мажествени поединци, кои покажуваат вистинско машко однесување, мирис, допир, чувство, висина и слично, вклучувајќи ги и мажествените хомосексуалци.

5. Ако цисродова (термин со кој се означува дека половиот идентитет на личноста е ист како и оној што ѝ бил доделен на раѓање, односно спротивно од трансродова) хетеросексуална жена го употреби терминот „андросексуална“ за да се опише, може да се смета дека таа присвојува термин од квир речникот. Ако цисродова стрејт жена е заинтересирана да започне врска со трансродови мажи или помажествена небинарна личност, тогаш придавката „андросексуална“ е соодветна. Но, доколку цисродовата хетеросексуална жена е заинтересирана само за цисродови хетеросексуални мажи, тогаш овој термин не би бил најсоодветен за да се опише нејзината сексуалност. Станува збор за термин што најчесто се поврзува со квир заедницата.

6. Значењето на терминот се наоѓа помеѓу значењата на термините како „хетеросексуален“ или „хомосексуален“. Луѓето кои се интересираат за истите поединци што ги привлекуваат андросексуалците, но се идентификуваат како хомосексуалци, најверојатно се идентификуваат и како мажи. И небинарните луѓе може да се идентификуваат како андросексуалци, доколку сексуално ги привлекуваат луѓе кои се идентификуваат како мажи и помажествени поединци. Но, јазикот е многу комплексен така што невозможно е некој целосно да се идентификува како андросексуалец и хомосексуалец или хетеросексуалец.

7. Андросексуалноста не е ограничена на сексуалната привлечност. Андросексуалноста не се однесува само на сексуалната привлечност. Станува збор за привлечност кон суштинското значење на машкоста на физичко, психичко, емотивно и сексуално ниво.

Доколку ве заинтересира оваа тема, дознајте што е демисексуалност и како можете да ја препознаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Angela Reply

    Секогаш наогам многу интересни содржини на вашиот веб портал продолжете со добрата работа

Напиши одговор на Angela Откажи одговор