Дали времето влијае на вашето расположение?

Повеќето истражувања во оваа област покажале зачудувачки резултати – времето многу малку влијае врз луѓето. Поголем фактор кој го одредува расположението се индивидуалните ситуации во кои моментално се наоѓаме. Меѓутоа кога се разговара на оваа тема, поголемиот дел од луѓето цврсто веруваат во влијанието на времето.

Дали времето влијае на вашето расположение?

Токму поради оваа причина, Климстра и колегите во своето истражување го испитувале влијанието на времето врз адолесценти и нивните мајки. Студијата резултирала со 4 категории луѓе:

Отпорни на времето: околу половина од нивните испитаници спаѓаат во оваа група. За овој тип луѓе не е важно дали надвор врне или е сончево, топло или ладно, нивното расположение останува исто.

Љубители на летото: оваа категорија очекуваме да ја видиме во ваков вид истражување. За овој тип на луѓе е потребно помалку дожд, повеќе сонце и повисоки температури за добро расположение (15% од адолесцентите и 30% од нивните мајки спаѓаат во оваа категорија).

Оние кои го мразат летото: во оваа категорија спаѓаат луѓето кои се сосема спротивни на љубителите на летото. Овој тип луѓе се посреќни кога е дождливо, облачно и поладно (27% од адолесцентите и 12% од нивните мајки припаѓаат на оваа категорија).

Оние кои го мразат дождот: расположението на оваа група не се променувало со температурата, сонцето или ветрот, тие едноставно го мразат дождот. Нивното расположение значително опаѓало во дождливи денови. Најмал процент припаѓаат на оваа група, само 8% од адолесцентите и 12% од нивните мајки.

Покрај овие категории, постои и сезонско варирање на расположението кое е многупати досега докажано. Истражувачите најчесто го поврзуваат со недостаток на витаминот Д, што предизвикува ненадеен замор. Лекарите во овој случај препорачуваат мали дози од витаминот Д (големи количини можат да предизвикаат здравствени проблеми) кои помагаат при менувањето на сезоните.

Оваа студија се покажала доста веродостојна и помогнала да се расветли зашто во претходните истражувања корелацијата помеѓу расположението и времето била многу ниска. Исто така, студијата покажала и поврзаност во резултатите на адолесцентите и оние на нивните мајки, што може да биде мал знак на генетска предиспозиција за отпорност на времето.

Се пронајдовте ли вие во некоја од овие категории?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Јас сум од типот што го мрази летото! :)

  2. ladySK Reply

    jas sum od tie sto ja mrazi zimata od dnoto na dusata!!! i dokazano e deka lugeto se najdepresivni vo zima,NORMALNO,se e sivo tmurno depresivno,nema sonce,sto e BROJ 1 faktor za nashata energija,fortosinteza….daj boze da bidat se potopli i potopli zimite od sega pa nataka,…a i natamu ideme…xoxoxoxoo

  3. 123 Reply

    Ne mora da znaci. Bas najmnogu slucai na depresivnost se dokumentirani vo drzavite koi se premnogu topli, vo koi retko ima dozd i niski temperaturi. Taka da bi rekol deka se e individualno.

  4. eli Reply

    @ladySK: fortosinteza? Да не мислиш фотосинтеза?!? За твоја информација, луѓето не извршуваат фотосинтеза….или можеби си некој фикус на кој му пораснале раце и се дочепал до тастатута:d

Остави коментар