Дали веганството ќе стане тренд во 2018-та година?

Сè повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за овој начин на исхрана. На некои целта им е да го подобрат своето здравје, а други пак сакаат да ја заштитат природата. Еден извештај покажал дека од 2016-та година до сега, значително се зголемила побарувачката за растителни производи.

dali-veganstvoto-kje-stane-trend-vo-2018-ta-godina-kafepauza.mk

Едно ново истражување предвидело дека потрошувачката ќе продолжи да расте и во 2018 година, и веројатно ќе стане тренд. Кога ќе се земат предвид верувањата за здравствените придобивки на овој начин на исхрана, голема е веројатноста да стане дел од секојдневието на многу луѓе. Истражувањата на Гугл покажале дека пребарувањата за растителна храна се зголемиле за 90%.

Извештајот покажал и дека потрошувачите почесто бараат веганска верзија на многу видови храна, па компаниите почнуваат да ги подготвуваат. Исто така се смета дека во 2018 година и рестораните ќе вклучат повеќе опции за вегани. Можеби ова е знак дека луѓето стануваат посвесни. Тие размислуваат за храната што ја внесуваат, како и за нивното влијание на околината.

Но, ова не значи дека сите ќе станат вегани. Не мора да бидете вегани за да уживате во храна од растително потекло или за да го намалиле внесувањето месо. Дури и најмалите промени имаат ефект. Ако сакате да ги заштитете животните, околината, како и вашето здравје, промената почнува од вас. Овој тренд докажува дека секој човек може да направи разлика.

Откријте што ќе се случи со вашето тело доколку станете вегани.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар