Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

Заедницата треба да биде добро организирана и не некој да ѝ наредува на индивидуата што да прави. Но дали луѓето навистина можат да владеат со себе? Цитатите во продолжение можат да ви го свртат умот по ова прашање.

„Не сум создаден за да бидам присилуван. Јас ќе живеам по мои правила. Дозволете ни да видиме коj е најјак.“ – Хенри Дејвид Торо

dali-ste-zhrtva-na-sistemot-nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mk

„Единствениот пљачкаш којшто сум го сретнал е самата држава. Кога одбив да ѝ платам данок кој таа го бара за заштита која јас не ја сакам, самата ме ограби – Кога го изразив моето право на слобода кое државата ми го гарантира, таа ме затвори.“ – Хенри Дејвид Торо

„Не се плашам од Маовците, Сталиновците и Хитлеровците.

Се плашам од оние илјадници милиони луѓе кои ги замислуваат нив како ‘авторитети’, ги прифаќаат нивните предлози, плаќаат за нивните империи и ги следат нивните наредби.

Не ми е гајле ако има некој си лудак со глупави мустаќи. Тој не е закана сè додека луѓето не го гледаат како ‘авторитет’.“ – Ларкен Роуз

„Кога се намалува сиромаштијата, се намалува и потребата од владата, така што решавањето на проблемот со сиромаштијата од страна на владата е исто како да очекувате еден тутунски комбинат да започне агресивна антипушачка кампања.“ – Стефан Молино

2-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mk

„Оној којшто не е способен да им служи на своите сограѓани сака да владее со нив.“ – Лудвиг вон Мизес

„Колективистите го гледаат светот како господинот Магу – како една голема дамка. Тие ги унифицираат луѓето во еден општествен миксер, жртвувајќи ги посебните карактеристики кои нè прават тоа што сме. – Лоренс Рид

„На владата не треба да ѝ биде дозволено да прави сè што не смеете ни вие. Ако вие не смеете да крадете од вашиот сосед тогаш ни владата не смее да краде од вас.“ – Рон Пoл

3-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mk

„Законот ја стави колективната сила на располагање на оние бескрупулозните, кои сакаат без ризик да ја експлоатираат личноста, слободата и туѓата сопственост. Грабежот го претворија во право со цел тоа право да биде заштитено. Законската одбрана ја претворија во криминал со цел да ја казнат таквата одбрана. Тогаш, кога престанува грабежот? Кога ограбувањето ќе им стане потешко и поопасно одошто да работат.“ – Фредерик Бастиjа

„Сте забележале ли како етатистите постојано си ги реформираат своите прирачници? Реформи во образованието, во здравството, даночни реформи, реформа на социјалната заштита. Самиот факт дека тие секогаш се зафатени со реформирање е јасно признание дека не биле успешни првите 50 пати.“ – Лоренс Рид

„Да си анархист едноставно значи дека си против агресија, а сфаќаш дека државата неизбежно врши агресија. Ако не си анархист значи дека или си против агресија или мислиш дека државата сепак не врши агресија. Како што кажуваш дека не си анархист, те молам кажи која од овие две изјави те опишува? Дали си за агресија (како социјалистите и криминалците)? Или мислиш дека државата не спроведува агресија (како што мислат децата на кои државата им го испрала мозокот)?“ – Стефан Кинсела


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар