Дали сте најстаро, средно или најмладо дете: Кој е вашиот идеален партнер?

Дали сте најстаро, средно или најмладо дете: Кој е вашиот идеален партнер?

Ако им веруваме на зборовите на психологот Линда Блер, пронаоѓањето на совршениот партнер не мора да биде многу тешко. Во својата книга „Редослед на раѓањето: Што вашето место во семејството навистина зборува за вашата личност“ (Birth Order: What Your Position In The Family Really Tells You About Your Character), Блер тврди дека највлијателен фактор е редоследот по кој сме се родиле во семејството.

Дали сте најстаро, средно или најмладо дете: Кој е вашиот идеален партнер?

Редоследот влијае на нашата личност, но и на кариерата и меѓучовечките односи, тврди Блер.

Првородените имаат сосема поинакви карактеристики од оние кои се раѓаат втори или последни. На пример, ако момчето кое ви се допаѓа е првороден, а вие сте последно дете во семејството, многу е веројатно дека добро ќе се сложувате. Меѓутоа, ако сте обајцата единци, шансите се големи дека помеѓу вас ќе има многу проблеми. Блер вели дека максимата „спротивностите се привлекуваат“ барем во оваа смисла навистина држи вода. Првородениот во едно семејство очигледно добро се сложува со последното дете родено во друго семејство, а тоа неретко може да биде и совршен спој.

Првородениот е логично најстар од родените деца и често е организирана и грижлива личност, додека оние кои се родени последни повеќе уживаат во својата независност од другите и истовремено се помалку организирани. Освен тоа, последните родени се посклони на забавување и веселење што е секако добредојдено во животот на воздржаните и сериозните првородени.

Единствениот проблем може да лежи во фактот дека последните родени се многу страсни кога се во прашање нивните уверувања што е во спротивност со конвенционалните првородени, кои сакат да поставуваат свои правила и ставови.

Љубовни односи без конфликти:
  • Маж постар од сестрите и жена помлада од браќата
  • Маж помлад од сестрите и жена постара од браќата
Конфликтни односи:
  • Маж постар од браќата и жена постара од сестрите
  • Маж помлад од браќата и жена помлада од сестрите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар