Дали се ежите кога ќе чуете одредена песна? Дознајте што открива тоа за вас!

Дали некогаш сте се наежиле додека сте слушале музика? Тоа можеби значи дека вашиот мозок е поинаков од мозокот на луѓето кои никогаш не доживеале таква реакција.

Дали се ежите кога ќе чуете одредена песна? Дознајте што открива тоа за вас!

Имено, Метју Сачс, поранешен студент на Харвард, спровел истражување на 20 негови колеги, од кои 10 покажале посебна реакција на кожата додека слушале песна што емоционално ги погодува.

Тој открил дека структурата на мозокот кај овие луѓе се разликува од онаа кај поединците кои не покажуваат никакви реакции на музиката. Истражувањето покажало дека испитаниците кои се ежеле имале погусти влакна што го поврзуваат слушниот кортекс со делот од мозокот задолжен за емоции, благодарение на што тие 2 дела од мозокот можат подобро да комуницираат. Луѓето кои се ежат додека слушаат одредена музика се генерално многу почувствителни.

Иако истражувањето било спроведено на мал број луѓе, Метју Сачс ќе се обиде да го унапреди своето истражување за да открие од каде потекнуваат таквите невролошки реакции за да им помогне на луѓето со психички проблеми.

Во продолжение прочитајте кои 5 видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар