Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

Дали во последно време сте почнале да забележувате трицифрени броеви кои не можете да ги игнорирате? Дали тоа ви се случува повеќе пати дневно? Тоа не е случајно! Трицифрените броеви сакаат да ви пренесат значајна порака или да ве разбудат. Вашите водичи и ангели чувари на тој начин се обидуваат да ви помогнат.

Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

Доколку во последно време ви се случуваат промени, незгоди или поминувате низ тежок период, немојте да се грижите. На тој начин се расчистуваат оние делови од вашиот живот кои не ви користат. Доколку ви се случуваат позитивни промени, тоа значи дека сте на вистинскиот пат.

Сега е време да ослободите од сето она што ве спречувало да го искористите вашиот потенцијал. Кога ќе заглавите во старите уверувања, мора да ги прифатите, признаете и да ги согледате такви какви што се. Треба да им дадете љубов и да се ослободите од нив. Дајте си ја вистината и љубовта што ја заслужувате. Кога ќе се отворите кон животот, ќе почнете да ги забележувате симболите,броевите и знаците кои ви пренесуваат пораки. Тука спаѓаат и трицифрените броеви. Тие се поврзани со одредени пораки и тие се вашиот патоказ кој треба да ве однесе на вистинскиот пат. Прочитајте какво значење кријат ттрицифрените броеви…

111 – Енергетскиот премин ви е отворен, па затоа вашите мисли брзо се претвораат во реалност. Внимателно одбирајте ги вашите мисли и погрижете се да се совпаѓаат со вашите желби. Не трошете енергија на стравот за да не го претворите во реалност.

222 – Имајте верба. Сѐ ќе биде добро. Не грижете се, бидејќи ситуацијата ќе даде позитивен резултат за сите луѓе што се вклучени во неа.

333 – Поврзани сте со вашите виши сили на многу нивоа и тие непрестајно делуваат во ваша корист. Тие ве сакаат, водат и штитат истовремено.

444 – Во овој момент ве опкружуваат илјада ангели. Тие ве сакаат и поддржуваат. Имате многу силна поврзаност со ангелското царство, бидејќи и вие самите сте ангел на Земјата. Нема од што да се плашите. Сѐ ќе биде добро.

Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

555 – Ве очекуваат големи промени и трансформации. Имате можност да излезете од досегашните проблеми и да живеете онака како што навистина заслужувате.

666 – Време е да се фокусирате на духот кој ќе во урамнотежи и исцели животот. Кажете ги гласно вашите стравови поврзани со материјалното богатство. Прифатете ја помошта од љубовта, како од луѓето така и од ангелите.

777 – Честитки! Внимателно сте го слушале универзумот и таа мудрост сте ја пренеле во вашите дела. Сега е време за вашата награда. Вашиот успех ги инспирира и им помага на другите, па затоа продолжете така и понатаму.

888 – Универзумот е великодушен, а вие сте научиле како да ги примате даровите од неговиот извор. Ќе добиете големо финансиско богатство сега и во иднина.

999 – Одлично завршена работа! На светот му треба вашата животна мисија! Прифатете ја вашата мисија без двоумење и одложување.

Постојат и други комбинации на бројки со кои може да се сретнете и кои ќе ве насочат кон искористувањето на вашиот највисок потенцијал. Кога ќе станете отворени и свесни, ќе гледате сѐ повеќе бројки и пораки наменети за вашето внатрешно битие и душа. Нека вашите мисли будат радост, вашите зборови-вистина, а вашите дела-љубов и универзумот со задоволство ќе ги исполни сите ваши потреби. Така функционира законот на привлекувањето!

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за значењето на броевите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар