Дали постои идеална разлика во години меѓу партнерите?

Сите сме ги чуле клише изразите од типот: вистинската љубов не познава години и сл. Но, колку има вистина во тоа? Новото истражување на Универзитетот Emory во Атланта посочува колку разликата во години е важна и неизбежно влијае на должината на бракот.

Дали постои идеална разлика во години меѓу партнерите?

Според податоците собрани од 3.000 испитаници, колку е поголема разликата во години толку се поголеми шансите за разделба, односно секоја разлика во години придонесува за пократок брак. Еве што кажуваат бројките. Разликата од 5 години значи 18% поголеми шанси за развод отколку кај партнери кои се на иста возраст. За разлика од 10 години шансите се зголемуваат на 39% и шокантни 95% за 20 години разлика.

Исто, не се исклучува и влијанието на разликата во години во сексуалниот живот. Фран Валфил, психотерапевт од Беверли Хилс, посочува дека сексуалната желба кај средовечните жени се зголемува додека кај мажите во тој период од животот се намалува.

Истражувањето исто посочува дека е многу важно колку долго сте биле заедно, односно колку подолго сте заедно толку се помали шансите за развод. Ако сте заедно само 2 години имате 43% поголеми шанси за развод, а доколку сте 10 години заедно шансите за развод се за 94% помали.

Колку се согласувате со заклучоците донесени од ова истражување? Колку според вас влијае разликата во години?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Comment Reply

    Воопшто не се согласувам!

  2. berry Reply

    ni jas ne se soglasuvam! godinite se samo brojka

Остави коментар