Дали луѓето кои пијат пиво имаат поголеми шанси за секс на првиот љубовен состанок?

Дали луѓето кои пијат пиво имаат поголеми шанси за секс на првиот љубовен состанок?

Доколку изборот на вашиот пијалак е пиво, тогаш вие сте родени под среќна ѕвезда. Имено, луѓето кои пијат пиво имаат 60% поголеми шанси да спијат со некого на првиот љубовен состанок.

Така барем тврди Кристијан Рудер, сопственикот на веб-сајтот за запознавање „OK Cupid“ кој завршил на Харвард и го посветил својот живот на спојување осамени луѓе. По анализата на профилите и интеракцијата на стотици милиони корисници, неговиот тим заклучил дека љубовта кон овој сок од јачмен е најголем показател за тоа дали некоја личност ќе се впушти во спонтана сексуална авантура.

Дали луѓето кои пијат пиво имаат поголеми шанси за секс на првиот љубовен состанок?

Поточно, мажите и жените, без разлика дали се хомосексуалци или хетеросексуалци, кои сакаат да пијат пиво имаат 60% поголеми шанси да имаат секс на првиот љубовен состанок.

Освен тоа, тие дошле и до некои други изненадувачки резултати. Ако сте мислеле дека со помош на класичните прашања поврзани со сексот, религијата и амбициите, можете да добиете јасна слика дали врската со некој ќе ви трае или не, сте се излажале. Имено, според ова истражување, траењето на врската полесно ќе можете да го предвидите доколку на вашиот потенцијален партнер му ги поставите следните три прашања…

1. Зар не би било забавно да оставиме сѐ и да живееме на јахта?

2. Дали сакаш да гледаш хорор филмови?

3. Дали некогаш си патувал/а сам/а во некоја земја?

Истиот тим се интересирал за тоа како мислењето на понежниот пол за нивното тело се одразува на нивната самодоверба и либидо.

Резултатот гласи: Сексуалната желба на жената значително расте до доцните 30-ти, а со влезот во 40-тите години драматична опаѓа. Од друга страна, пак, женската самодоверба се подобрува со текот на годините.

Дамите кои за себе тврдат дека имаат облини далеку повеќе се заинтересирани за секс и имаат поголема самодоверба од послабичките жени. Овој тренд е забележан во сите возрасни групи. Покрај тоа, жените кои велат дека мразат да вежбаат имаат два пати поголеми шанси да не бидат задоволени во кревет. Но, оние испитаници кои се физички активни во многу поголема мера можат да доживеат оргазам.

На крајот останува само да се запрашате: Дали сакате пиво?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар