Дали Лондон ќе стане првиот град во светот што ќе биде прогласен за национален парк?

Во октомври, Лондон се приближи чекор поблизу до титулата првиот град што би можел да биде прогласен за национален парк. Но дали навистина е возможно еден град да се трансформира во национален парк? И што всушност значи ова?

(1)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

„Замислете го Лондон како нешто повеќе од како политички, културен и финансиски центар. Замислете го како еколошки центар.“, изјавил Даниел Рејвен Елисон.

Оваа иницијатива е поддржана и од градоначалникот на Лондон кој сака да го претвори градот во разновидна, зелена и инспиративна урбана еко-средина. Веќе се одвоени околу 9 милиони фунти за оваа цел. Се очекува паркот да биде отворен до 2019 година.

(2)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

Главниот град е веќе дом на 14.000 видови диви животни и околу 8 милиони дрвја.

„Единствената разлика помеѓу национален парк и град е тоа што националниот парк е урбана средина каде што пејзажите се исто толку важни како и дождовните шуми, поларните региони или пустините. Не треба да се отуѓиме од природата само затоа што сме доминантниот вид во оваа средина.“, изјавил Рејвен Елисон.

(3)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

„Со ова ни се отвораат многу нови можности. Има околу 9 милиони луѓе кои живеат во Лондон и сме соочени со многу предизвици. Од загадување на воздухот до деца со попречен развој бидејќи не поминуваат доволно време во природа. Решението е во сите нас преку нашите секојдневни активности.“, додава тој.

(4)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

Рејвен Елисон, кој е и герила географ, ја завршил својата „домашна задача“. Оваа година тој поминал 5 недели лутајќи низ урбаната средина на градот. Пешки поминал над 500 километри. Претходната година тој направил уште една експедиција. Пешачел низ Обединетото Кралство за да истражи како пејзажите влијаат на нашето расположение, здравје и среќа. Неговите откритија може навистина да ве изненадат.

„Со поминати 1.686 километри, од кои половина во градови и половина во национални паркови, открив дека најопуштен бев во природа, а значително повозбуден во урбана средина.“

(5)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

Иако целта на проектот е да го направи Лондон подобро место за живеење, тој исто така ќе ја разбуди љубопитноста кај урбаните истражувачи. Ќе можете да ги посетите сите паркови, шуми, игралишта, природни резервати, реки, езера и канали. Исто така ќе најдете место за градинарство, кајакарство, пливање…

(7)dali-london-kje-bide-prviot-grad-nacionalen-park-kafepauza.mk

Овој проект ќе предизвика бран од креативност и ќе ги инспирира луѓето да сонуваат поголеми нешта. Вклучени се концепти од архитекти и дизајнери со цел да ги претворат улиците во дом на многу животни, па дури и автобуска линија која ќе ги поврзува најголемите паркови во градот за да им го олесни истражувањето на луѓето. Жителите, но и туристите, многу полесно ќе уживаат во зеленилото на Лондон. Со поддршката од сите, од љубителите на природата, до планерите на урбана средина, артистите и учителите, Лондон ќе направи чекор напред кон позелена иднина.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар