Дали кивањето е како оргазам?

Дали кивањето е како оргазам?

Да беше кивањето навистина како оргазам, досега дефинитивно ќе имаше пазари каде на црно ќе се продаваше бибер за кивање и улични тутуни за шмркање на кило. Па можеби и цената на најдобрите иританти за носот би изнесувала и до 1.700 долари за 30 грама…

Дали кивањето е како оргазам?

Фактот дека ниедно од овие сценарија не се случиле ни сугерира дека овој мит не вреди ни колку цената за една палома. Истото важи и за популарното сфаќање дека одреден број последователни кивања може да доведе до оргазам – или барем да го предизвика истото чувство на возбуда и ослободување.

Исто како и оргазмите, кивањето е рефлекс проследен со тензија и ослободување. Некои истражувања дури покажале дека исто како и при оргазмот, и со кивањето се ослободува ендорфин во мозокот. И покрај тоа што на многу начини наликуваат, сепак не постои научна основа која би можела да ги изедначи недоброволните носни испуштања со слатките треперења на сексуалниот климакс.

Но, тоа не значи дека не постои никаква поврзаност.

И покрај тоа што не постои доволно литература на оваа тема, биле забележани случаи кога мажи и жени кивале во моментите кога биле сексуално возбудени. Докторите се сомневаат дека овој феномен можеби настанува под влијание на вкрстени жички во автономниот нервен систем, кој го регулира бројот на автоматските функции на телото во кои е вклучено и „будењето“ на гениталиите за време на возбудување. Носот, исто како и гениталиите содржи еректилни ткива.

На слична тема, некои луѓе велат дека за време на секс ги чувствуваат своите носеви како запушени – состојба која е позната како ринитис на меден месец. Ринитисот е воспаление на слузницата честопати поврзано со алергии, но може да биде предизвикано и од промени на времето, конзумација на алокохол или пак, од вдишување парфем. Ако ова ви звучи чудно, сетете се и на фактот дека секоја 4-та личност кива како одговор на силна сончева светлина…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар