Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

Што слушаш – тоа и си! Многумина млади својот идентитет го градат врз основа на музиката која ја слушаат, токму затоа на другите луѓе музиката може многу да им открие за нивниот карактер. Доколку некој ви го открие својот музички вкус, природно е врз основа на тој податок вие да изградите некој претпоставен став за тој човек, неговите вредности, неговото друштво и неговите навики.

Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

 

„Музиката е моќно средство за друштвени експресии, која може да ги појача стереотипите и предрасудите“ – вели психологот и водачот на истражувањето за музичките вкусови, Џејсон Рентфроу од Универзитетот Кембриџ.

Резултатите од ова истражување покажале дека љубителите на класична музика, луѓето ги доживуваат како тивки, неатрактивни и досадни. За разлика од нив, љубителите на рокот се сметаат за емоционално нестабилни и бунтовници по природа, како и за многу неодговорни луѓе. Обожавателите на попот повеќето луѓе ги процениле за по малку смотани, оние на рапот за спортски духови и за агресивни луѓе, а покорниците на електронската музика за невротични ликови. Најдобро прошле обожавателите на џезот, бидејќи нив луѓето ги сметаат за вешти, мирољубиви, либерални, љубезни и отворени по природа.

„На луѓето не можеме на лице место да им направиме психолошка анализа преку прашања, за да изградиме слика за нивната личност. Ова истражување покажува дека, иако нашите претпоставки не мора да бидат точни, си создаваме слика за некој човек според одговорот на прашањето ‘Каква музика слушаш?’“ – заклучува Рентфроу.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. littleblackdress Reply

    А кај нас турбофолкерите? ТИе за што се сметаат? хахахаха

    • a Reply

      za pijanici 😀

Остави коментар