Дали економскиот факултет учи на алчност?

Дали економскиот факултет учи на алчност?

Со цел студентите научат како да заработат пари, на економскиот факултет се изучуваат законите по кои функционира капитализмот, а неговата логика е со што помал влог да се оствари што е можно поголема добивка. Се разбира, централна вредност во сето тоа е личниот интерес.

„Што ќе добиете за вечера не зависи од добрата волја на месарот, пиварот или пекарот, туку од нивниот личен интерес.“ – Адам Смит

Дали економскиот факултет учи на алчност?

Дали тоа значи дека стекнувајќи знаења и вештини за заработка на што е можно повеќе пари, студентите се учат да бидат алчни? Има податоци кои го потврдуваат токму тоа:

  • Професорите кои предаваат економија во САД даваат помалку пари во добротворни цели споредено со своите колеги од другите факултети. Всушност, повеќето од нив воопшто не даваат пари за некој друг.
  • Студентите по економија од Германија, за разлика од нивните колеги од другите насоки, биле повеќе склони да им препорачаат поскап водоводџија на своите пријатели кога биле платени за тоа.
  • Во анкетите економистите почесто ја оценуваат алчноста како „генерално добра“, правилна или „морална“.
  • На студенти им биле дадени по 10 долари кои требало да предложат како да ги поделат со врсник. Ако врсникот го прифател предлогот, ги задржувале парите според договорот, а ако одбиел, тогаш двајцата не добивале ништо. Економистите во просек предлагале да задржат повеќе од половина од парите во однос на нивните колеги од другите студии.
  • Во еден друг експеримент студенти од различни факултети добивале пари од кои дел требало да ги стават на куп со сите други и рамноправно да ги поделат со другарите. Во просек, студентите донирале по 49% од своите пари, при што 25% од вкупниот број ги донирале сите пари. Економистите во просек оставиле по 20%, а остатокот го задржале за себе.

Дали економскиот факултет учи на алчност?

Некои стручњаци го поставуваат прашањето дали на економски факултет се запишуваат луѓе кои веќе веруваат во алчноста и веруваат дека личниот интерес е поважен од колективниот, или пак токму лекциите за максимизација на профитот ги тераат да веруваат во себичноста, особено кога се дел од таква група која го охрабрува тоа. Резултатите од истражувањата го поддржуваат второто тврдење.

  • Бруцошите на еден економски факултет во Израел им дале повисока оценка на вредностите како чесност, лојалност и помагање во споредба со своите колеги од трета година.
  • Кога биле ставени во ситуација да изберат дали ќе соработуваат со своите колеги или ќе ги измамат, економистите ја преферирале измамата. Интересно е тоа што бројките покажуваат дека склоноста кон мамење на колегите кај нив растела со текот на студирањето, додека кај студентите од другите факултети опаѓала.
  • Едно истражување на американски универзитет покажало дека бруцошите од повеќе различни факултети генерално исто или слично очекувале лоши и неморални дела од другите. Само неколку месеци подоцна ваквите очекувања кај економистите драстично пораснале.

Дали економскиот факултет учи на алчност?

Адам Грант, професор на факултетот за бизнис Вортон, укажува на тоа дека во програмата на студентите мора да се даде предност на предмети од типот на социологија и психологија кои ќе имаат за цел да ги научат за соработка, алтруизам и фер однесување. Дотогаш, според него, ќе важи изреката на филозофот Амартија Сен:

„Чисто економскиот човек е многу блиску до тоа да биде општествен морон.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Катерина Reply

    Не се соласувам дека економист=општествен морон. Економската наука учи како на најдор начин да упрауваш со парите, а ако некој не ја научи лекцијата тоа е негов проблем. И не дека не е точно тоа што рекол Смит. За жал така е!

Остави коментар