Дали е во ред да се соблекувате пред вашите деца? Науката го има одговорот

Дали е во ред да се соблекувате пред вашите деца? Науката го има одговорот

На некои места е сосем нормално родителите да се бањаат со децата, без разлика дали причината е удобност на малото или штедење вода. Некои родители пак, се плашат дека нивното малечко може да се повреди, па одлучуваат и тие да се бањаат со него.

Бањањето или соблекувањето пред децата е контроверзна тема, а некои експерти сметаат дека тоа може да предизвика сексуални проблеми во иднина. Од друга страна пак, други експерти сметаат дека ова е најдобриот начин за детето да го истражи човечкото тело во безбедна и удобна средина.

Лошо или не толку лошо?

Ѕвездата Рејчел Реј неодамна имала педијатар на нејзиното шоу за да разговара токму на оваа тема. Докторот направил анкета кај публиката, и одговорите биле поделени на пола. Половина од гостите сметале дека е во ред, а другата половина сметала дека не е во ред соблекувањето пред деца. Докторот се согласил со двете страни, и притоа рекол:

„Лошо е ако прави вие или вашето дете да се чувствувате неудобно. Ако и вие и детето се чувствувате удобно, тогаш е во ред.“

Најважното нешто на што треба да ги научите вашите деца се скромност и почит, а ова можете да го направите и со и без соблекување пред нив.

Како да знаете дека на вашето дете му е неудобно

Набљудувајте го чувството на приватност и независност кај вашето дете. Обрнете внимание дали секогаш ја затвора вратата од тоалетот или од собата кога се облекува. Ако вашето дете сака приватна средина за облекување, почитувајте го.

Кога децата се помеѓу 2 и 5 години, тие се многу љубопитни за телото и прашуваат многу прашања кои навистина може да бидат неудобни. Создадете позитивна средина каде што вашето дете се чувствува удобно да поставува прашања за човечкото тело. Со одговори кои се соодветни за неговата возраст објаснете му што го интересира.

Може да станува збор за полот

Мајката и уредничка, Кели Волас, кажала што слушнала од некоја жена:

„Како што моите деца растат, мојот сопруг е сè подискретен со ќерките, а јас сум сè подискретна со синот. Не затоа што ни е неудобно, туку бидејќи може нив да им е.“

Ако вашите деца почнат да прашуваат за разликите помеѓу нивното и вашето тело, важно е да им ја кажете вистината. Справете се со прашањето на начин кој е соодветен за возраста на детето, но бидете искрени. Ако имате сомнежи во врска со темата, разговарајте со сопругот или сопругата и адаптирајте ги одговорите за децата. Сепак, само вие знаете што е најдоброто за вашите деца па одлуката е ваша кога станува збор за вакви прашања.

Погледнете и како да разговарате со вашите деца за секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар