Дали две личности може да сонуваат еден ист сон?

Ако две личности може да сонуваат ист сон, дали тоа значи дека соништа ги надминуваат индивидуалните мисли на секој поединец? Истражувањата на темата за соништата веќе долги години се присутни во светот на психологијата, а во последно време најмногу внимание се посветува на тоа да се одговори на прашањето дали и на кој начин е можно две или повеќе различни личности, кои немаат ништо заедничко, да сонуваат исти соништа.

Дали две личности може да сонуваат еден ист сон?

Голем број студии објавени на оваа тема доаѓаат до откритие дека кај личностите кои се силно емотивно поврзани (родител-дете, брачни партнери или близнаци), сонувањето исти соништа се јавува често. Покрај тоа, многу психолози и психотерапевти честопати делат ист сон со своите пациенти, што и тие самите го потврдуваат, а причината за започнување на приказната за исти соништа кај целосно непознатите личност се многубројни анегдоти и искуства, меѓу кои најверојатно на сите ни е позната ситуацијата кога ќе се разминеме со некого на улица и ќе помислиме дека таа личност ја знаеме од некаде.

За сега, науката нема цврсти аргументи за причината на оваа појава. Покрај тоа, луѓето кои го раскажуваат истиот сон честопати не се согласуваат за некои детали, што е дополнителна причина за појава на скептицизам. Меѓутоа, психолозите сепак не сакаат да ги занемарат приказните и искуствата, затоа што вообичаено луѓето кои делат ист сон, доживуваат исто секојдневие или често поминуваат многу време заедно. Разликите во деталното опишување на соништата се неизбежни поради различното ниво на интелигенција, расположение, паметење и многу други фактори. Од друга страна, со оглед на тоа дека соништата се поврзани со јавето и со она што го преживуваме во текот на денот, идентичниот сон може да се појави кај луѓе кои не доживеале исто искуство. Што значи ова за науката која се занимава со соништата? Ако се земе како појдовна претпоставка дека соништата се производ на мозокот, тогаш се водиме и по претпоставката дека две „глави“ во еден момент биле во идентична ситуација и дека нивните мозоци поради тоа произведеле иста слика во сонот.

Дали две личности може да сонуваат еден ист сон?

Меѓутоа, ова објаснување не може да го опише сложениот човечки мозок, ниту да го задоволи мислењето на експертите, како и некои други алтернативни објаснувања, на пример тоа дека соништата се случуваат надвор од нас додека спиеме. Експертите сѐ уште немаат точно објаснување за оваа појава, па со самото тоа сѐ уште не се формирала научна рамка во која може да се смести ситуацијата кога две различни личности сонуваат ист сон. Тоа значи дека темата за соништата сѐ уште не е доволно научно истражувана и со самото тоа претставува погодна основа за да продолжат експертите со истражувања кои ќе ја разрешат оваа мистерија.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар