Дали би сакале да мирисате како славните личности?

Кога во 1991 година се појави парфемот на Елизабет Тејлор, „Бели дијаманти“, тој брзо стана најпродаван парфем. Доколку и вие сакате да мирисате како славните личности, ова се најновите парфеми кои ѕвездите ги создадоа за вас.

„Unplugged for Her“ од Џон Бон Џови

Парфемот е наменет за: сензуални, харизматични и привлечни девојки.

Мирисни ноти: цветно-ориентален мирис на база на слива и георгина.

Потсетува на: возбудата на гитарски риф, спонтаност и свежина. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Glam“ од Ким Кардашијан

Парфемот е наменет за: трендсетерки кои обожаваат да се дотеруваат.

Мирисни ноти: овошно-цветен мирис кој претставува мешавина од капина, лубеница, египетска тубероза, масло од роза и мошус.

Потсетува на: гламурозна девојка, богата и примамлива. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Midnight Heat“ од Бијонсе

Парфемот е наменет за: девојки кои едвај чекаат да се ослободат од деловната облека и да облечат нешто позаводливо.

Мирисни ноти: овошно-цветен мирис создаден врз основа на питаја, ерменска слива, црно лале, амбер и пачули.

Потсетува на: тропска летна ноќ и сензуална арома на зрели плодови. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Closer“ од Хали Бери

Парфемот е наменет за: девојки кои обожаваат да ја носат облеката на своите момчиња заради препознатливиот мирис.

Мирисни ноти: основа од лаванда заокружена со ноти на дива малина, крин, мимоза, кедрово дрво, ванила и мошус.

Потсетува на: модерна и нежна мешавина од него и неа. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Wonderstruck Enchanted“ од Тејлор Свифт

Парфемот е наменет за: романтични девојки кои сонуваат за ѕвездена ноќ исполнета со многу љубов.

Мирисни ноти: ориентален спој на шумски плодови, маракуја, божур, бел мошус и ванила.

Потсетува на: опојно вљубување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Vintage Bloom“ од Џесика Симпсон

Парфемот е наменет за: девојки од соседството кои не се плашат да флертуваат.

Мирисни ноти: цитрусни ноти во комбинација со малина, божур и сандалово дрво.

Потсетува на: свеж и сончев ден во градината. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„FAME“ од Лејди Гага

Парфемот е наменет за: дрски, но сепак женствени девојки.

Мирисни ноти: цветен мирис кој вклучува темјан, кајсија, шафран и мед.

Потсетува на: деликатна орхидеја. Дали би сакале да мирисате како славните личности?

„Nicole“ од Никол Ричи

Парфемот е наменет за: девојки кои го обожаваат бохо стилот.

Мирисни ноти: мешавина од капина, портокал, мароканска роза, кашмир, пачули и ванила.

Потсетува на: егзотично патување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. mimi Reply

    Wonderstruck Enchanted i Vintage Bloom mislam deka se neshto najako!!! 😀

  2. Pumps Reply

    Objavete i za maskite slavni licnosti na primer Aston Kutcher, Adam Levine…

  3. mkgirl Reply

    jas go imam na britni spirs mnogu e dobar 😀

  4. GNRaddict Reply

    Леле коа ќе го донесат тој Unplugged на Џон кај нас ??

Остави коментар