Дали би го посетиле барот инспириран од ТВ серијата „Игра на тронови“?

Ако спаѓате во големиот број обожаватели на ТВ серијата „Игра на тронови“, сигурно едвај чекате да почне новата сезона. Ако чекањето навистина ви е проблем, а по некоја случајност се наоѓате во Вашингтон, зошто да не го посетите овој нов бар? Барот е дизајниран според серијата и сигурно ќе ја исполни вашата желба за змејови.

Барот е отворен на 21-ви јуни

(1)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Две компании се здружиле со цел да ги трансформираат нивните 3 барови во нешто ново.

Можете да влезете во секој од 3-те барови, а искуството долго ќе го паметите

(2)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Баровите се декорирани идентично како Куќата на црно и бело, Северот, Црвената порта и Мерин.

Барот дури ја има и „Салата на лицата“

(4)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Сопствениците одлучиле да ја исполнат познатата сала со пластични калапи од нивните вработени. Навистина паметна идеја.

На почетокот сакале да прават бар како Супер Марио или ТВ серијата „Почудни нешта“ (Stranger things)

(5)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

„Како што рекол големиот Џорџ Мартин, мора да постои задоволство во она што го работиш, а ние веруваме дека ‘Игра на тронови’ е серија на деценијата,“ изјавил еден од сопствениците.

Барот не штедел на детали

(6)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Покрај „Салата на лицата“, барот ги има и змејовите на Денерис.

Сопствениците сакале барот да биде резултат на соработка

(7)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Менаџерот и сопствениците на барот најмиле неколку локални уметници и секој од нив работел на посебен дел од барот.

Се разбира, и пијалаците се во стилот на ТВ серијата

(8)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Барот создал неколку коктели чии имиња се инспирирани од серијата. На пример, посетителите може да си порачаат „Северот памти“, коктел од шток, кокос, ананас и ликер.

Можете да порачате и „Ланистерови праќаат поздрав“

(9)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mk

Ова е коктел од вотка, шери, лимон, јагоди и кисела вода. Но, можете да го порачате и официјалното пиво од „Игра на тронови“.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар