Дајнамо – магионичарот кој го воодушевува светот

Просто нема човек кој не ужива во добар трик. Илузионистичките трикови предизвикуваат возбуда, зачуденост и насмевки кај публиката, па не е чудно ако секое дете сака да биде магионичар кога ќе порасне.

Она што магионичарите ни го претставуваат како магија е всушност само илузија. Но, дали е возможно некој толку да нè измами што попрво ќе нè натера да веруваме во натприродното, отколку да прифатиме дека такво нешто може да се случи со добро изведен трик?

Дајнамо – магионичарот кој го воодушевува светот

Дајнамо е 30-годишно момче од Брадфорд, Англија, кој инаку пати од болест на цревата. Неговото вистинско име е Стивен Фрејн, но светот го познава како Дајнамо: невозможниот магионичар, според телевизискиот серијал кој започна да се емитува летото во 2011. Продуцирани се 3 сезони со по 4 епизоди во кои тој патува низ светот и ги воодушевува луѓето со своите трикови. Често, за изведба на неговите трикови поканува познати личности, кои го прават шоуто уште поинтересно за гледање.

Дајнамо – магионичарот кој го воодушевува светот

Тој е мајстор на илузијата. Како и секој магионичар-илузионист, Дајнамо е одличен со картите и ситните парички, но неговите трикови ги надминуваат сите вообичаени очекувања – тој лета потпрен само со едната рака на кровот на еден автобус, се симнува од врвот на една зграда надолу, по фасадата, става мобилни во шише, витка чаши со поглед, чита мисли, го претвора кокосовото млеко од неотворен кокос во сок од портокал и во кафе, дури и ледениот чај го претвора во традиционален топол англиски чај. Сепак, најпознат е по неговото чекорење по површината на реката Темза со кое го најави своето телевизиско шоу во 2011.

Интересна е и приказната на неговиот живот. Тој како мал бил жртва на насилство од страна на неговите врсници, но успеал да им се спротивстави благодарение на советот од дедо му кој му рекол дека ако сака, може да направи сè. И мора да се сложиме, прави дури и повеќе од тоа.

Сите сакаме да се забавуваме со добри илузионистички трикови, иако многупати се нервираме кога не можеме да сфатиме како нешто се случува. Гледајте ја нашата селекција на некои од најдобрите трикови на Дајнамо, но верувајте, вреди да ги изгледате сите епизоди од трите сезони. Побарајте ги на интернет и тие магично ќе го окупираат вашиот претстоен викенд.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар