Да живееја само 100 луѓе на светот…

Во момент кога во светот живеат скоро 7 милијарди жители, се прашуваме каква би била ситуацијата кога би биле само 100. Следува статистиката.

Да живееја само 100 луѓе на светот...

  • Ќе имаше 50 машки и 50 женски.
  • 26 луѓе ќе беа на возраст до 14 години, 66 на возраст 15-64, додека од 65 нагоре ќе имаше само 8 луѓе.
  • Географски, најмногу луѓе би живееле во Азија (60), само 11 во Европа, 15 во Африка, 5 во Северна и 9 во Јужна Америка.
  • Според религијата, би имало 33 христијани, 22 муслимани, 14 хиндуси, 7 будисти, 12 би биле религиски неопределени или не би верувале во ниедна религија и 12 ќе припаѓаа на други религии.
  • Најмногу или 12 луѓе би зборувале кинески, по 5 би зборувале шпански и англиски, по 3 арапски, хинди, португалски и бенгалски, по 2 луѓе јапонски и руски, а 62 луѓе би зборувале сосема други јазици.
  • 83 луѓе ќе знаат да читаат, но 17 нема да знаат.
  • Само 7 луѓе би имале завршено факултет.
  • Во урбаните средини ќе живее 51 човек, додека во руралните 49.
  • 78 ќе користат електрична енергија, 22 нема.
  • 87 ќе имаат безбедна вода за пиење, останатите 13 небезбедна.
  • 75 луѓе ќе имаат мобилен телефон, 30 ќе бидат активни интернет корисници, а 22 ќе имаат свој или ќе делат заеднички компјутер.
  • 15 ќе бидат недоволно нахранети. Помалку од 1% ќе имаат ХИВ/СИДА, и исто толку туберкулоза.
  • 1 од 2 деца ќе живее во сиромаштија.
  • 48 луѓе ќе живеат со помалку од 100 денари на ден.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар